Кисалпска Галија (латинскиGallia Cisalpina што значи „Галија на страната на Алпите“) било римско име за географската област на територијата на северна Италија. Поголемиот дел бил населен од Келти.

Мапа со локацијата на централна и северна Италија околу 7 век п.н.е вклучувајќи ја и рана Кисалпска Галија

Римска провинција

уреди

Понекогаш била нарекувана и „Gallia Citerior“, „Provincia Ariminum“ или „Gallia Togata“ (Гал кој носи тога, потенцира на раната романизација на регионот). Галија Транспадана го означувала делот од Кисалпска Галија помеѓу реката По и Алпите, додека пак Галија Киспадана била јужниот дел од реката.

Веројатно, официјално била основана во 81 г. п.н.е и била водена од Мутина (денешна Модена) кога, во 73 г. п.н.е, паѓа под власт на Спартак по неговата победа врз легијата на Гај Касиј Лонгиниј, провинцискиот гувернер.

Реката Рубикон ја означувала јужната граница на провинцијата со Италија. Оваа река, во 49 г. п.н.е, била премината од Гај Јулиј Цезар по неговите освојувања во Галија, а преминувањето на реката го означува почетокот на граѓанската војна во римската република. Ова довело до основање на римската империја.

Провинцијата била припоена кон Италија околу 42 г. п.н.е како дел од „итализацијата“ на Октавијан во времето на вториот триумвират. Распадот на законот за провинции барал нов владеечки закон, а неговиот модерен наслов е непознат. Делови од него се запишани на бронзени плочи кои се зачувани во музејот во Парма.

Вергилиј и Ливиј,[1] двајца познати граѓани од провинцијата, биле родени во Кисалпска Галија.[2]

Народи од Кисалпска Галија

уреди
 
Народи од Кисалпска Галија, 391-192 п.н.е.

Кисалпска Галија, во првиот милениум п.н.е, била населена од четири главни племиња, односно Венеди, Лигури, Етрурци и Келти кои ја освоиле територијата на Етрурците и Ретите.

Келти и Келтски-Лигури во Кисалпска Галија

уреди

Полибиј, Грчки историчар, пишувал за соживотот на келтите во северна Италија и етрурската нација во периодот пред грабежот на Рим во 390 г. п.н.е. Според Ливиј, римски иторичар, на овие северни Италијански предели, Келтите пристигнале околу шестиот век пред. п.н.е. Археолошките извори, во споредба со записите на Ливиј, укажуваат на доаѓањето на Беловесите и Инсубрите во времето на царувањето на Таркиниј Прициј (шестиот век п.н.е) заедно со основањето на Милан што ги довело италијанските и француските археолози да го одредат доселувањето на Келтите најрано во седмиот век п.н.е, ако не и порано.

Наводи

уреди
  1. Uchicago.edu
  2. Зората на Римското Царство, од Ливиј, Џон Јардли, Волдмар Хекел.