Кралско друштво

англиска научна академија
(Пренасочено од Royal Society)

Кралско друштво (англиски: Royal Society), полн назив: „Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата“ (The President, Council, and Fellows of the Royal Society of London for Improving Natural Knowledge)[1] — национална академија на науките на Велика Британија и најстара постоечка оргнизација од овој вид во светот. Основано е во 1660 г. со повелба на кралот Чарлс II.[2] Покрај улогата а академија, друштвото претставува советодавно тело на владата и обезбедува средства за научни истражувања за поединци, организации и претпријатија.

Кралско друштво
Royal Society
ГеслоNullius in verba
Основана1660
СедиштеЛондон, Велика Британија
Координати51°30′21.53″N 0°07′56.86″W / 51.5059806° СГШ; 0.1324611° ЗГД / 51.5059806; -0.1324611
Членство
  • ~ 1600 членови
  • ~ 140 странски членови
  • 6 кралски членови
ПретседателВенкатраман Рамакришнан
Мреж. местоroyalsociety.org
Зградата „Карлтон Хаус Терас“ во која е сместено Кралското друштво
Жезолот на друштвото

Со друштвото управува совет на чие чело стои преседателот согласно низа статути и трајни налози. Советниците и претседателот се бираат од членовите, како и самите членови. Членството моментално брои 1.450 луѓе, при што секоја година се назначуваат до 52 членови. Сите имаат право да ја користат кратенката „FRS“ (Fellow of the Royal Society, „Член на Кралското друштво“) по своето име и презиме. Покрај ова, постојат и кралски членови, почесни членови и странски членови. Странските членови имаат право на кратенката „ForMemRS“ (Foreign Member of the Royal Society, „Странски член на Кралското друштво“).

Почнувајќи од 1967 г. друштвото е сместено на бр. 6–9 од зданието „Карлтон Хаус Терас“ во Вестминстер, централен Лондон.

Научна и општествена дејност

уреди

Кралското друштво се занимава со низа различни дејности. Има здача да ја поддржува современата наука, распределувајќи приближно 42 милиони фунти на околу 600 дотации за нови и докажани научни работници. Покрај ова, ги поттикнува иновациите, подвижноста и доделува средства за истражна способност.[3] Од наградните средства се финансираат наградите, наградните предавања и медалите,[4] како и курсеви за општење со јавноста и медиумите предвидени за научниците.[5] Средствата за ваквите активности во голема мера ги обезбедува Одделението за деловно работење, иновации и вештини, чија главна дејност се состои во доделување средства (стипендии) за универзитетски истражувања.[6] Во 2008 г. друштвото го отворило својот Претприемачки фонд, преку кој вложува во нови научни претпријатија.[7]

Преку Центарот за начна политика, друштвото има улога на советодавец на британската влада, Европската комисија и Обединетите Нации и објавува неколку извештаи годишно.[8] Советодавната дејност во служба на британската држава започнала уште од средината на XVIII век на нередовна основа, додека пак во 1800 г. друштвото прераснало редовен советодавен орган на владата.[9]

Издавачка дејност

уреди
 
Првиот број на списанието Philosophical Transactions of the Royal Society од 1665 г.

Во 1665 г. друштвото го вовело првото научно списание во светот, наречено Philosophical Transactions („Филозофски трудови на Кралското друштво“) и со тоа ги удрило темелите на рецензијата која денес се применува кај сите стручни списание. Прв уредник бил Хенри Олденбург — првиот секретар на друштвото.[10][11]

Денес друштвото ги објавува следниве стручни списанија:[12]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди

Наводи

уреди
  1. The formal title as adopted in the royal charter.
  2. The formal title as adopted in the royal charter.
  3. „Grants“. The Royal Society. Посетено на 28 October 2014.
  4. „Awards, medals and prize lectures“. The Royal Society. Посетено на 7 December 2009.
  5. „Communication skills and Media training courses“. The Royal Society. Посетено на 7 December 2009.
  6. „Parliamentary Grant“. The Royal Society. Посетено на 28 October 2014.
  7. „The Royal Society Enterprise Fund“. The Royal Society Enterprise Fund. Архивирано од изворникот на 2010-06-19. Посетено на 7 December 2009.
  8. Science Policy Centre – 2010 and beyond. The Royal Society. 2009. стр. 3.
  9. Hall (1981) стр. 629
  10. Wagner (2006) стр. 220-1
  11. Select Committee on Science and Technology. „The Origin of the Scientific Journal and the Process of Peer Review“. Parliament of the United Kingdom. Посетено на 5 December 2014.
  12. „Royal Society Publishing“. Royal Society Publishing. Посетено на 27 December 2009.

Надворешни врски

уреди