Експо 2010
Експо 2010 (Expo 2010) е светски саем, кој се одржува во Шангај, Кина, со почеток на 1 мај со траење до 30 октомври. Според распоредот на Светските саеми и според традицијата на одржување на меѓународни саеми и изложби, темата на изложбата е „Подобар Град - Подобар Живот“ која го потенцира новиот статус на Шангај во дваесет и првиот век како главен економски и културен центар. Се очекува овој светски саем да го посетат максимален број на посетители во историјата на светските саеми. Изложбата е отворена со голема манифестација, огномет и музичка програма со стотици учесници, како и познати пејачи и глумци од целиот свет, меѓу кои Андреја Бочели и Џеки Чен[1]
Експо 2010
| |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Традиционално | 中國2010年上海世界博覽會 | ||||||||||||
Упростено | 中国2010年上海世界博览会 | ||||||||||||
| |||||||||||||
друг кинески назив | |||||||||||||
Традиционално | 上海世博會 | ||||||||||||
Упростено | 上海世博会 | ||||||||||||
|
Учество на Македонија
уредиСпоред портпаролот на Министерството за економија, Македонија добила понуда[2] од Кина бесплатно да се претстави на штанд од 350 m2. Носител на проектот, за учество на Република Македонија на овој настан е Министерството за економија, во формираната комисија со претставници од шест други министерства. Задача на комисијата е да го подготви начинот на претставување, односно што и како Македонија ќе се претстави на овој саем. Владата како резултат на работата од оваа комисија планира да објави јавен повик за прибирање понуди од компании, кои треба детално да го подготват претставувањето на нашата земја.
Инаку, Министерството за економија, побарало од Кина да ни даде бесплатен саемски простор од 500 m2 наспрати нивната понуда од 350 m2.
Македонија го потврди своето учество на оваа манифестација на 9 февруари 2007 година и ја предаде својата тема со наслов „Урбан континуитет“.
Јавниот повек е објавен[3] во форма на Конкурс за избор на идејно решение за павилјон за презентација на Република Македонија на Светската изложба. На конкурсот се јавиле девет учесници[4] врз основа на што е изготвена листа од десет најдобро рангирани учесници!? При што се доделени три парични награди во вкупна вреднос од 450.000,00 денари а дополнително жири комисијата доделила уште две откупни награди од по 25.000,00 награди.
Освен имињата на рангираните учесници, други информации за тоа со која настапила Македонија, кое било мотото на државата, кои се следните активности околу целиот проект, нема објавено. Според информациите на официјалната страница на Експо 2010 [5] Македонија биде претставена под привременото име под кое се води во Обединетите Нации - Поранешна Југословенска Република Македонија.
На 23 ноември 2009 година, во Шангај е потпишан договор за учество на Македонија на Експо 2010 од страна на заменик-министерот за економија и национален комесар на Македонија за „Шангај експо“ и заменик-генералниот директор на Бирото за координација на Светската изложба Хуанг Џиенџе.[6] На чинот на потпишувањето присуствувале и македонскиот заменик-министер за надворешни работи, претставници од Министерството за надворешни работи и од македонската Амбасада во Народна Република Кина.
Инфраструктурни подготовки
уредиНастанот се одржал во подрачјето помеѓу мостот Нампу и Лупу во центарот на Шангај по должината на двата брега на реката Хуангпу. Подрачјето каде што се одржал Експо 2010 зафаќало површина од 5,28 км2.
Официјалните претставници на Пекинг ги промовираа своите планови на 6 март 2006, за започнување на изградба на вториот комерцијален железнички систем во Кина на крајот од 2006 година. Маглев-железничката линија Шангај-Хангџоу која ги поврзува Шангај и Хангџоу, се очекува да биде завршена за четири години и да биде ставена во функција за Expo 2010.[7]
Изложбен простор
уредиИзложбениот простор на светската изложба е поделен на зони: A, B, C, D и E, плус зоната на тематските павилјони.
Тематски павилјони
уредиИмало пет централни тематски павилјони на Експо 2010, каде биле претставени различни аспекти на урбаниот развој. Овие павилјони се именувани како Урбани градби, Урбана планета, Урбани жители, Урбани битија и Урбани сништа.
Некои од тематските павилјони се сместени во централната изложбена градба изградена од страна на домаќинот, која зафаќа површина од 11.5 хектари и претставува најголема структира од овој вид во историјата на светските изложби. Градбата се наоѓа натаканаречената Експо Оска, наспроти Кинескиот национален павилјон. Вкупниот изложбен простор на оваа градба е 80.000 квадратни метри.
Зона A
уредиВо зоната А се наоѓа:
- Кинескиот павилјон, како најголем национален павилјон на светската изложба,
- Првиот Азиски заеднички павилјон, во чии рамки се претставиле: Бангладеш, Киргистан, Малдивите, Монголија, Таџикистан и Тимор
- Вториот Азиски заеднички павилјон, во чии рамки се претставиле: Авганистан, Бахреин, Јордан, Палестина, Сирија и Јемен
- Третиот Азиски заеднички павилјон, во чии рамки се претставиле: Лаос и Мјанмар
- Заедничкиот „Павилјон на кинеските покраини“, во чии рамки се претставиле: Пекинг, Тјенѓин, Хебеј, Шанџе, Внатрешна Монголија, Љаонинг, Ѓилин, Хејлунгѓанг, Гансу, Џеѓанг, Анхурј, Шандунг, Хенан, Хубеј, Хунан, Гуангдунг, Гуангџоу, Хајнан, Чунгќинг, Сечуан, Гуејџоу, Јинан. Тибет, Шенси, Гансу, Ќингхај, Нингсја, Нанчанг и Шангај
- Павилјони како засебни конструкции имале: Северна Кореја, Хонгконг, Индија, Иран, Израел, Јапонија, Казахстан, Либам, Мароко, Макао, Непал, Оман, Пакистан, Катар, Република Кореја, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Тајван, Туркменистан, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.
Зона B
уредиВо зоната B се наоѓаат:
- Засебни павилјони на следниве земји: Австралија, Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Нов Зелан, Филипини, Сингапур, Тајланд
- Павилјоните на следниве организации: DEVNET, IFRC
- Заеднички павилјон на меѓународни организации: ASEAN, BFA, COMESA, FFA, GEF, UITP, ICOM, INBAR, LAS, SCO, UCLG, WWC, WWF.
- Засебни павилјони на други организации: Life Sunshine, Public Participation, MeteoWorld, Pacific Pavilion, WTCA, Обединети нации
Зона C
уредиВо зоната C се наоѓаат:
- Заеднички Африкански павилјон
- Павилјон на Карипските заедници
- Прв европски заеднички павилјон, во чии рамки се претставиле: Кипар, Лихтеншатјн, Малта и Сан Марино.
- Втор заеднички европски павилјон, во чии рамки се претставиле: Македонија, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Црна Гора и Молдавија. Република Македонија настапила на тема „Урбан континуитет“.
- Останатите европски земји кои земале учество на оваа светска изложба биле претставени со сопствени павилјони специјално изградени за оваа намена: Турција,
- Заеднички павилјон на земјите од Централна и Јужна Америка
- Земји од Централна и Јужна Америка кои имаат засебно изграден павилјон: Венецуела, Перу
- САД
Зона D
уредиЗона E
уредиНационални павилјони
уредиНа саемот се претставиле над 180 земји, некои со сопствени павилјони специјално изградени за оваа намена а некои во рамките на заедничките павилјони. Најголеми национални павилјони биле: Кинескиот, Африканскиот и Тихоокеанскиот. Од нив, 15 земји се претставиле во рамките на Тихоокеанскиот павилјон.
Галерија
уреди„Експо 2010“ на Ризницата ? |
-
Комплетна конструција на Експо оската во декември 2009 година
-
Комплетна конструција на Експо оската во декември 2009 година
-
Градилиштето на Шангај Експо оската
-
Градилиштето на Шангај Експо оската
-
Авион „Ербас А340“ на Чајна Истерн во промотивно руво за „Експо 2010“
Наводи
уреди- ↑ Отворена светската изложба ЕКСПО 2010 во Кина Архивирано на 30 август 2010 г. - „Кирилица“ (македонски)
- ↑ „Дневник, Можност за учество на Експо 2010, Кина нуди бесплатен штанд за Македонија“. Посетено на 28 мај 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Министерство за економија, Конкурс за избор на идејно решение“ (PDF). Посетено на 26 ноември 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска] - ↑ „Министерство за финансии, Биро за јавни набавки, Известување за од Конкурс за избор на идејно решение“. Посетено на 26 ноември 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска] - ↑ „Експо 2010, страница со податоци за настапот на Република Македонија на светската изложба“. Архивирано од изворникот на 2010-04-20. Посетено на 2010-04-24.
- ↑ „TOTAL, Македонија учествувала на Светската изложба Шангај Експо 2010“. Посетено на 26 ноември 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Xinhua, Maglev railway to link Hangzhou, Shanghai (англиски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на англиски]]“. Посетено на 6 март 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); URL–wikilink conflict (help)
Надворешни врски
уреди- EXPO 2010 Шангај, официјално мрежно место Архивирано на 10 јули 2005 г.
- Expo 2010 страница на ExpoMuseum Архивирано на 14 ноември 2006 г.
„Експо 2010“ на Ризницата ? |
Претходник Експо 2008 |
Светски саеми 2010 |
Наследник Експо 2012 |