Чали Маала

поранешно село во Серско, Егејска Македонија

Чали Маала или Чалик Маала (грчки: Μικροκώμη, Микрокоми; до 1927 г. Τσαλή Μαχαλέ, Цали Махале[1] или Τσαλίκ Μαχαλέ, Цалик Махале) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Турци и Роми.

Чали Маала
Μεσόλοφος
Чали Маала is located in Грција
Чали Маала
Чали Маала
Местоположба во областа
Чали Маала во рамките на Синтика (општина)
Чали Маала
Местоположба на Чали Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°11.0′N 23°5.0′E / 41.1833° СГШ; 23.0833° ИГД / 41.1833; 23.0833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало близу десниот брег на Бутковското Езеро, на југ од Бутково и од денес напуштеното Ложишта.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Чали Маала било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Чале Махале (Tchale-mahalé) било село во Серската каза со 128 муслимани.[2]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чали Махале, селце на И од Ложишта со 40 турски и 5 ромски куќи. Ниви по планината и по полето.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чали Махале живееле 120 Турци и 50 Роми.[4]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 326 жители, но во 1920 г. не се спомнува, што значи дека селото веќе се распаднало.[5]

Селото е обновано во 1924 г. кога тука се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. тоа броело 28 жители. Малку подоцна населбата се растурила, а нејзините жители се преселиле во Ложишта.[5]

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 620–121. ISBN 954-8187-21-3.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 212. ISBN 9989-9819-6-5.