Ложишта

поранешно село во Серско, Егејска Македонија

Ложишта или Ложиште (грчки: Μεσόλοφος, Месолофос; до 1927 г. Λοζίστα, Лозиста[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Турци.[2]

Ложишта
Μεσόλοφος
Ложишта is located in Грција
Ложишта
Ложишта
Местоположба во областа
Ложишта во рамките на Синтика (општина)
Ложишта
Местоположба на Ложишта во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°11.24′N 23°5.9′E / 41.18733° СГШ; 23.0983° ИГД / 41.18733; 23.0983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географиja уреди

Селото се наоѓало на десниот брег на Бутковското Езеро.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Од името на селото се гледа дека тоа некогаш било македонско.

Во XIX век Ложишта било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ложица (Lojitsa) било село со 62 домаќинства сочинети од 148 жители муслимани.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Ложишта, село крај Круша Планина на растојание 6 часа на ЈЗ од Порој. Дава добар тутун. 80 куќи турски и 30 ромски.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ложиште живееле 400 Турци.[5]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, таа година Ложишта имало само 63 жители, но во 1920 г. населението пораснало на 169 лица.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово място се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е претставено како наполно дојденско со 121 лице (39 семејства).[6]

Во 1940 г. во Ложишта живееле 148 жители. Настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, и повеќе не било обновено.[2]

Наводи уреди

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 200. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012