Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злетово
Успение на Пресвета Богородица — црква во пробиштипското село Злетово. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Ова е главна црква во селото, како и главен храм на Злетовската парохија. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°59′27″N 22°14′21″E / 41.99083° СГШ; 22.23917° ИГД |
Место | Злетово |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | XVI век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Историја
уредиПостои несогласување во врска со годините на изградба на црквата поради тоа што таа претрпела неколку фази на преизградба. Првично била еднокорабна, од кршен камен и малтер. Од таа градба денес преостанува само полукружната апсида со зачуван стар живопис. Апсидата е вградена во новата градба, која исто така е еднокорабна, но потесна и подолга, градена од делкан камен со полукружен свод. Нартексот од западната страна и тремот од јужната се од третата градежна фаза од 1853 г.
Во преродбеничкиот период оваа црква била под врховенството на Бугарската егзархија, додека пак помалата црква „Св. Илија“ ја држеле српските црковни власти од Цариградската патријаршија.
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиФрескоживописот од првата фаза е релативно добро зачуван. Според историчарот Коста Балабанов, тој е стилски близок на делата од првата половина на XVI век. Најблизок споредбен материјал е живописот во црквата „Св. Никола“ на Топличкиот манастир.[2]
Иконостас
уредиИконите се од XIX век, дело на Анастас Зограф од Крушево.[3]
Галерија
уреди-
Поширок оглед
-
Црквата од југоисток
-
Гроб во дворот
-
Тремот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 40.
- ↑ „Злетовска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-31. Посетено на 1 април 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злетово на Ризницата ?