Анастас Зограф
Анастас (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич (fl. 1826–1888) — истакнат македонски зограф и иконописец од Крушево.[1][2]
Анастас Зограф | |
---|---|
Роден(а) | ок. 1800-ти Крушево, Османлиско Царство |
Националност | Македонец |
Занимање | зограф, иконописец |
Познат(а) по | цркви и манастири |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
Животопис
уредиРоден е во градот Крушево. Работел заедно со синовите Коста, Вангел и Никола до 1870 г.[1] Прво негово дело се иконите во „Св. Богородица“ во Бела Црква кои ги изработил во 1826 г.[1][2]
Во 1839 г. бил спомагач на делото „Службата на Евреите и сите нивни злодела“ (Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ), преведено на народен јазик од Натанаил Кучевишки.[3] На една икона на Свети Мина во црквата „Св. Мина“ во Гарниково, Кавадаречко, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840“.[4] Во 1842 г. заедно со Наум ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во Ошин, Мегленско.[5]
Во 1868 г. насликал дел од иконите за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Крушево. На иконата на Свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.“[2] Натгписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ стаѧ икона дванадѣсетъ апостолы приложиа еснафъ дулћерскы масторы міѧцы проложиа въ храмъ престыѧ Богородицы за душевно егѡ спасеніе ивоъ вѣчнѡ споменаніе исруки Анастасови иконописателъ м. іуниѧ 20 1870.“[2] Во женската црква е иконата на Воведение Богородично, која е потпишана „Исъ рукі Анастасови 3: 1868.“[2]
Во 1876 г. работел со Никола Михајлов на живописувањето и иконостасот во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин, Крушевско.[6]
Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.[7][8]
Негова недатирана икона има во манастирската црква „Св. Архангели“ во прилепски Варош. Натписот гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево.“[2] Негови се и иконите ви „Успение на пресв. Богородица“ во Злетово, Пробиштипско,[9] во „Св. Троица“ во Горно Трогерци, Штипско[10] и во „Успение на пресв. Богородица“ во Немањици, Светиниколско.[11]
Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин
уреди-
Живописот на северниот ѕид
-
Живописот на јужниот ѕид
-
Живописот на северната страна на таванот
-
Живописот на јужната страна на таванот
-
Живописот на влезот во црквата
-
Живописот од женската црква
Родословие
уредиАнастас Зограф | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Коста Анастасов | Вангел Анастасов | Никола Анастасов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наќе Вангелов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Енциклопедия. Българската възрожденска интелигенция. Учители, свещеници, монаси, висши духовници, художници, лекари, аптекари, писатели, издатели, книжари, търговци, военни... София: ДИ „Д-р Петър Берон“. 1988. стр. 49.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 278.
- ↑ Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ [1839] — означен е како „зуграф Анастасъ Ангелевичъ“ од Крушево.
- ↑ „Св. Мина, с. Горниково“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Архивирано од изворникот на 21 мај 2016. Посетено на 21 мај 2016.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 162. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2024-01-06. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Николоски, Дарко. „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 април 2014. Посетено на 8 април 2014. Занемарен непознатиот параметар
|дата=
(help) - ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ „Αρχάγγελος“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 13 февруари 2016. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ „Злетовска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 31 март 2014. Посетено на 13 февруари 2016.
- ↑ „Горно-балванска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 13 февруари 2016.
- ↑ „Светиниколски парохии“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 29 март 2014. Посетено на 13 февруари 2016.