Црква „Св. Илија“ - Злетово
Свети Илија — гробишна селска црква во селото Злетово, во Општина Пробиштип.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°59′29″N 22°14′11″E / 41.99139° СГШ; 22.23639° ИГД |
Место | Злетово |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1911 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото село, издигнато на рид над Злетово. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
уредиИзградена е во последните години од турското владеение на Македонија, најверојатно во 1911 година. Изградбата на оваа црква е резултат на поделеноста на злетовчани на „егзархисти“ и „патријашисти“ и на нивните меѓусебни недоразбирања, кавги па и физички пресметки околу тоа прв да служи во единствената црква во Злетово. На локалните турски власти, преку глава им дошле постојаните братски, честопати, и крвави недоразбирања и расправи, жалбите до повисоките инстанци и затоа допуштиле градба на оваа црква. Таа им припаднала на патријашистите, а главната „Св. Богородица“ на егзархистите.
Архитектура
уредиДенешниот објект претставува еднокорабна црква, која се наоѓа на јужниот дел од гробиштата во Злетово.
Празнување
уредиИнаку, на 2 август, односно на Илинден се слави празникот, на кој се коле курбан и се готви јадење за гостите.[2]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Апсидата
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Помошниот објект
-
Припратата
-
Споредниот влез
-
Ниша над споредниот влез
-
Поглед на црквата
Поврзано
уреди- Злетово;
- Злетовска парохија;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква; и
- Црква „Св. Богородица Балаклија“ — метох на Лесновскиот манастир.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коста Балабанов,Злетовска област, 1974 г.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Злетово на Ризницата ?