Шлајц (германски: Schleiz) — град во округот Зале-Орла, во Тирингија, Германија.

Шлајц
Градската црква во Шлајц
Градската црква во Шлајц
Градската црква во Шлајц
Грб на Шлајц
Шлајц во рамките на Германија
Шлајц
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Орла
Градски единици 11
Градоначалник Јирген К. Климпке (СДП)
Основни податоци
Површина 83,03 км2
Надм. височина 432 м
Население 8.866 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 107 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SOK
Пошт. бр. 07901–07907
Повик. бр. 03663
Портал www.schleiz.de
Местоположба на градот Шлајц во рамките на округот Зале-Орла
Карта
Карта
Координати 50°35′0″N 11°49′0″E / 50.58333° СГШ; 11.81667° ИГД / 50.58333; 11.81667

Местоположба

уреди

Шлајц се наоѓа во тириншката област Фогтланд, пошумено подрачје на границата на Тирингија, Саксонија, Баварија и Чешка. Градот се наоѓа во долината на реката Визента, близу автопатот А9 (БерлинМинхен).

Градски единици

уреди

Шлајц ги вклучува следниве единици:

  • Мешлиц
  • Грохвиц
  • Обербемсдорф
  • Лесау
  • Лангенбух
  • Вистендитерсдорф
  • Дресвајн
  • Грефенварт
  • Ошиц
  • Хајнриксру

Историја

уреди

Шлајц започнал како мала населба која потекнува околу 1200 година („Altstadt“) и одделениот Нов град („Neustadt“), кој бил основан веднаш до него. Новиот град имал замок и градски ѕидини. До 2 декември 1482 биле целосно одделени заедници, по што се споиле во еден град. Имало и населба на Тевтонскиот ред и некое време пред 1848 градот бил главен град на малото кнежевство Ројс-Шлајц. Во негова близина се одржала битка помеѓу Французите и Прусите во 1806.

Замокот бил уништен кон крајот на Втората светска војна, во април 1945.

Население

уреди

Движење на бројноста на населението низ годините:

1834 — 1995

  • 1834 - 4.619
  • 1890 - 4.928
  • 1933 - 6.505
  • 1939 - 6.828
  • 1960 - 7.933[2]
  • 1994 - 8.567[3]
  • 1995 - 9.163

1996 — 2002

  • 1996 - 9.528
  • 1997 - 9.375
  • 1998 - 9.389
  • 1999 - 9.336
  • 2000 - 9.309
  • 2001 - 9.268
  • 2002 - 9.223

2003 — 2009

  • 2003 - 9.100
  • 2004 - 9.069
  • 2005 - 9.012
  • 2006 - 8.932
  • 2007 - 8.868
  • 2008 - 8.824
  • 2009 - 8.717

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. од 1960 па натаму на 31 декември
  3. Извор од 1994 па натаму: Тириншка служба за статистика

Надворешни врски

уреди