Римски цар

владетел на римската држава
(Пренасочено од Цар на Рим)

Римскиот цар (цар) бил владетел на Римското Царство за време на царскиот период (што започнал околу 27 г. п.н.е.). Во почетокот Рим имал само еден владетел, но во подоцнежниот период многумина себеси се нарекувале цареви. Римјаните немале единствен термин за управувањето со државата: латинските титули како цар (imperator) , август, цезар и принцепс биле меѓусебно поврзани. Во практика, царот бил врховен владетел на Рим и врховен командант на римските легии.

Во теоријата, во Рим кој бил Република (res publica), царот имал статус на primus inter pares - прв меѓу еднаквите. Оваа правна фикција станувала сè повеќе бесмислена како што царот ја зацврстувал својата моќ. Сепак, таа била одржувана, барем со церемонијален карактер, до самиот крај на Римското Царство. Западното Римско Царство ја доживеа својата пропаст во 476 г., додека Источното Римско Царство во 1453 година.

Список на римските цареви

уреди

Ова е дел од списокот на раните римски цареви во периодот во кој владееле[1]:

Јулиевско-клавдиска династија

уреди
Од До Портрет Владетел Целосно име Забелешка
16 јануари 27 г. п.н.е. 19 август 14 г.   Октавијан Август Gaius Octavius,
Gaius Iulius Caesar,
Imperator Caesar Augustus
прв римски цар, посвоен од Цезар
19 август 14 г. 16 март 37 г.   Тибериј Tiberius Claudius Nero,
Tiberius Caesar Augustus
посвоен син на Октавијан Август
18 март 37 г. 24 јануари 41 г.   Калигула Gaius Iulius Caesar,
Gaius Caesar Augustus Germanicus
убиен од стражата
24 јануари 41 г. 13 октомври 54 г.   Клавдиј Tiberius Claudius Nero Germanicus,
Tiberius Claudius Caesar Augustus Germanicus
убиен од сопругата
октомври 54 г. 11 јуни 68 г. Нерон Lucius Domitius Ahenobarbus,
Nero Claudius Caesar Augustus Germanicus
прв прогонувач на христијаните; се самоубил

Доцноклавдиска династија

уреди
Од До Портрет Владетел Целосно име Забелешка
8 јуни 68 г. 15 јануари 69 г.   Галба Servius Sulpicius Galba Убиен од Отон
15 јануари 69 г. 16 април 69 г.   Отон Marcus Salvius Otho се самоубил по изгубената битка против Вителиј
2 јануари 69 г. 20 декември 69 г.   Вителиј Aulus Vitellius совладетел; убиен во Форумот и фрлен во Тибар

Наводи

уреди
  1. The Imperial Index: The Rulers of the Roman Empire An Online Encyclopedia of Roman Rulers and their Families