Марика Макриевска

Македонски активист од Егејскиот дел на Македонија. Член на ДАГ и музичката група Костурчанки

Марика Макриевска родена Фотева ( 1928 во Хрупишта, Егејска Македонија, Грција — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Марика Макриевска (Фотева)
Родена 1928
Хрупишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка
Сопружник Васко Макриевски
Татко Лазо Фотев
Мајка Александра Фотева
БратМинчо Фотев
БратФоти Фотев
СестраОлимпија Фотева

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Таа потекнувала од револуционерното семејство Фотевци. Во НОБ и во Граѓанската војна на Грција учествувало целото нејзино семејство: татко и Лазо, браќата Минчо и Фоти, сестрата Олимпија и таа (од 1943 година), а мајка и Александра осум години лежела во грчките затвори, од кои била пуштена пред смртта. Како командир на вод при 28-та бригада на ЕЛАС, на 4 јули 1944 година загинал брат ѝ Фоти Фотев. Нејзиниот постар брат Минчо бил истакнат револуционер и раководител во СНОФ, НОФ и ДАГ, а зетот од ceстpa Паскал Митревски бил секретар на СНОФ и на НОФ на Егејска Македонија. Марика е сопруга на првоборецот Васко Макриевски со кого имаат четири деца.[1]

Костурчанки

уреди
 
Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева.

Во групата „Костурчанки" Марика учествувала од нејзиното формирање во 1970 год. На Балканскиот фестивал во Охрид и на првите „Илинденски денови" во Битола (1971) при презентирањето на фрагментите од свадбените обичаи таа ја играла улогата на „невестата".[1]

Била учесничка во сите акции и зафати на групата, а пеела и во хорот „Борец" од неговото формирање. Интересот кон народната песна и игра кај Марика се јавил уште во детството, а го стекнала од своите родители. Фотевци биле познати по таа музичка традиција. Уште од ученичките rодини учествувала во повеќе културни уметнички друштва и хорови.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 47–48. ISBN 978-86-373-0092-2.