Хонгконг

специјален административен регион во Кина
(Пренасочено од Хонг Конг)

Хонгконг (кинески: 香港, миризливо пристаниште, кантонски: Heūng góng; стандарден мандарински: Xiānggǎng), службено Хонгконг – специјален административен регион на Народна Република Кина (традиционален кинески: 中華人民共和國香港特別行政區 изговор на мандарински) — еден од двата специјални административни региони (САР) на Народна Република Кина (НРК), другиот е Макао.

Хонконг
香港

中華人民共和國香港特別行政區

Знаме Амблем
Хонконг (црвена)
Хонконг (црвена)
Хонконг (црвена)
Службен јазик кинески, англиски
Демоним Хонконгери

(Хонконгер / Хонконгерка)

Уредување Деволтирана влада предводена од извршната власт во унитарна еднопартиска држава
 •  Главен извршен директор Џон Ли
 •  Главен секретар Ерик Чан
 •  Претседател на Советот Ендрју Леунг
 •  Врховен судија Ендрју Чеунг
Површина
 •  Вкупна 2,754,97 км2 
Валута Хонгконгшки долар
Се вози на десно
Повик. бр. +852

Хонгконг се наоѓа на источната страна на делтата на Бисерната Река на југоисточниот брег на Народна Република Кина, и излегува на Јужнокинеското Море, а се граничи со покраината Гуангдунг на север. Хонгконг е една од најлибералните економии во светот, и е финансиски и трговски центар. Хонгконг е најбогат регион на Кина - има најголем БДП по глава на жител.

Се состои од островот Хонгконг (уште познат како Сјанган), полуостровот Коулун и Новите Територии. Населението е околу 7 милиони жители, при што најзастапена етничка група се Кинезите (96%). Паричната единица е хонгконшки долар.

Хонгконг била британска колонија од 1842 г, сѐ додека суверенитетот не бил пренесен на НР Кина во 1997. За време на Втората светска војна од 1941 до 1945 бил под јапонска окупација, за повторно да го запоседнат Британците. Управуван е како специјален административен регион под Основниот закон за Хонгконг (англиски: Basic Law of Hong Kong). Под условите на кинеско-британската заедничка декларација, НР Кина ветува дека Хонгконг ќе има релативно голем степен на автономија сѐ до барем 2047, педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката „една држава, два система“, Хонгконг ќе го задржи својот правен систем, валута, царинска политика, културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и имиграциските закони, со тоа што НР Кина, односно централната влада во Пекинг, ќе го претставува Хонгконг дипломатски и воено.

Хонгконг како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Бар во Хонгконг“ (Hong Kong Bar) - песна на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.[1]
  • „Шерифот од Хонгконг“ (Sheriff Of Hong Kong) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.[2]

Наводи

уреди