Химитли
Химитли (грчки: Αγάπη, Агапи; до 1927 г. Χιμιτλή, Химитли[2]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Доксат во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Денес е североисточно маало на селото Органџи.
Химитли Αγάπη | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°6.12′N 24°18.14′E / 41.10200° СГШ; 24.30233° ИГДКоординати: 41°6.12′N 24°18.14′E / 41.10200° СГШ; 24.30233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Доксат |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | припоено |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
ГеографијаУреди
Селото се наоѓало североисточно од с. Органџи и веднаш северно од с. Касапли, десетина километри североисточно од Доксат.[3] Лежело во областа Драмско Поле, во западното подножје на планината Чалдаг.
ИсторијаУреди
Во XIX век Химитли било село во Драмската каза. Сè до 1923 г. било населено со Турци.[3]
Во ГрцијаУреди
Со Букурешкиот договор 1913 г. селото се припоено кон Грција. Таа година населението броело 470 жители. Во текот на следните години населението се зголемило, па во 1920 г. во Химитли живееле 519 лица, сите од турска народност.[3]
Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 г. сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени турски Грци. Во 1927 г. селото е преименувано во Агапи, што значи „љубов“. Во 1928 г. се попишани 597 жители, сите грчки дојденци.[3]
Во подоцнежните пописи селото не се споменува како одделна населба бидејќи станало дел од соседното Органџи,[3] чие население исто така веќе било дојденско (грчко) на местото на иселеното турско.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Chimitli -- Agapi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 11 ноември 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 199.