Драмско Поле
Драмско Поле (грчки: Κάμπος της Δράμας) — котлина во североисточниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Го образува средниот слив на реката Драматица, која тече низ нејзиниот западен дел.[1]
Драмско Поле Κάμπος της Δράμας | |
---|---|
Поглед на Драмското Поле од падините на планината Сминица (Серски Боздаг) | |
Должина | 30-40 км ЈИ-СЗ |
Ширина | 10-15 км |
Географија | |
Земји | Грција |
Област | Драмско, Егејска Македонија |
Нас. место | Драма, Доксат |
Координати | 41°05′24″N 24°06′22″E / 41.090° СГШ; 24.106° ИГД |
Река | Драматица |
Географски особености
уредиМестоположба, граници и големина
уредиДрамското Поле е сместено меѓу Драмски Боздаг и планините по крајбрежјето на Егејското Море.[2]
Има издолжен облик и се протега во правец југоисток-северозапад.[1][2] Долго е околу 35-40 км, а ширината му се движи од 10 до 15 км.[2][3] Во средниот дел е стеснет од падините на планината Кушница и ридот Бунарбаши.[2]
Клима и води
уредиВо минатото едно од главните обележја на котлината било блатото Берекетли Ѓол во нејзиниот југоисточен дел.[2][3][4][5] Во летните месеци водата во него значително се намалувала, бидејќи мочурливите краишта се исушувале до тој степен што понекогаш можело да се мине низ самото блато во правец од исток кон запад.[2] Местата ослободени од вода биле особено плодни, откаде и доаѓа самото име на блатото (т.е. од „бериќет“).[2] На подрачјето била мошне развиена и трговијата со лекарски пијавици, кои се среќавале во изобилство по мочурливата околина.[2][3] Денес блатото е пресушено и на негово место има обработливи површини.
Главни дотеци на некогашното блато доаѓале од карстните карпи во подножјето на ридот Бунарбаши, од каде извираат неколку бујни извори.[2] Нивните води некогаш се влевале непосредно во блатото, со тоа што најголем удел имал истоимениот извор Бунарбаши.[6] Од овој извор кон блатото порано течела мала, но релативно полноводна река, со длабоко и земјесто корито.[6] Водата од Берекетли Ѓол истекувала на северозапад низ Драмското Поле, а образуваната рекичка имала мочурливи брегови поради малиот наклон и со тоа, бавниот тек.[6] Денес водата тече низ прави канали, прокопани меѓу земјоделските парцели.
Кон средината на котлината, којаа лежи најниско, водата од овие канали (порано од рекичката) се слева со реките Драматица и Панега.[6] Драматица, која се смета за почеток на новообразуваната река, има слив во долините меѓу источниот крај на Боздаг и источниот крај на Бунарбаши, па се спушта низ градот Драма.[6] Овие делови од реката лете пресушуваат.[6] Самата река во градот Драма попатно се дополнува од неколку полноводни пештерски извори, на што се должи името на градот.[6]
Почви
уредиТеренот е покриен со дебел слој наносни почви и е многу плоден.[2][3]
Населени места
уредиГлавно населено место во полето е градот Драма.
Историја
уредиКрај источниот брег на блатото Берекетли Ѓол, во околината на изворот Бунарбаши постојат рушевини од античкиот град Филипи,[6] познат по Битката кај Филипи од 42 г. п.н.е., каде римските државници Октавијан Август и Марко Антониј извојувале победа над убијците на Гај Јулиј Цезар, Марко Јуниј Брут и Касиј за време на Ослободителната граѓанска војна.[7]
Стопанство
уредиГлавно занимање на населението кон крајот на XIX и почетокот на XX век било тутунопроизводството, одгледувањето на памук, лозарството, житните култури и оризот, како и производството на свила.[3][6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Бендерев, Анастас (1890). Военная топографiя и статистика Македонiи и сосѣднихъ съ нею областей Балканскаго полуострова. Санкт Петербург: Военная Типографiя (въ зданiи Главнаго Штаба). стр. 257.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Кънчов, Васил (1911). Орохидрография на Македония. Пловдив: Печатница на Хр. Г. Данов. стр. 155.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Бендерев, Анастас (1890). Военная топографiя и статистика Македонiи и сосѣднихъ съ нею областей Балканскаго полуострова. Санкт Петербург: Военная Типографiя (въ зданiи Главнаго Штаба). стр. 258.
- ↑ Чилингиров, Асен (2006). Филипи или Филипопол (в сборник Византия – Балканите – Европа. Изследвания в чест на проф. Василка Тъпкова-Заимова, с. 74-87) (PDF). София: Институт по балканистика към БАН. стр. 4.
- ↑ Чилингиров, Асен (2006). Филипи или Филипопол (в сборник Византия – Балканите – Европа. Изследвания в чест на проф. Василка Тъпкова-Заимова, с. 74-87) (PDF). София: Институт по балканистика към БАН. стр. 7.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 6,8 Кънчов, Васил (1911). Орохидрография на Македония. Пловдив: Печатница на Хр. Г. Данов. стр. 156.
- ↑ Чилингиров, Асен (2006). Филипи или Филипопол (в сборник Византия – Балканите – Европа. Изследвания в чест на проф. Василка Тъпкова-Заимова, с. 74-87) (PDF). София: Институт по балканистика към БАН. стр. 6.