Рубеус Хагрид (англиски: Rubeus Hagrid) е измислен лик во Хари Потер книгите напишани од Џ. К. Роулинг. Ликот е вообичаено адресиран по презимето. Хагрид е полуџин Keeper of Keys and Grounds, ловочувар и, почнувајќи од третата година на Хари Потер во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво, учител по грижа за волшебните суштества. Подоцна во серијалот, се открива дека Хагрид е исто така и член на Редот на фениксот.

Рубеус Хагрид
лик од 'Хари Потер'
ДомГрифиндор
ГлумецРоби Колтрејн (возрасне)
Мартин Бејфилд (тинејџер)
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

„Hagrid“, според Роулинг во интервју со The Boston Globe,[1] доаѓа од зборот „hagridden“ (македонски: измачуван), со значење да имаш кошмарска ноќ, особено за време на мамурлак.

Развој на ликот

уреди

Хагрид бил меѓу првите ликови за кои Роулинг вели дека ги создала „токму првиот ден“.[2] Во нејзината статија Harry's Fame, Роузмери Горин наведува дека ШУмата Дин е влијание на Роулинговите дела и дека Хагрид е единствениот лик кој е „директно доведен од Шумата Дин“. Според Горин, „испуштените зборовни завршетоци [на Хагрид] се особеност на Чепстоу“. Таа наведува и дека Хагрид е физички „моделиран според велшкото поглавје на Пеколни Ангели кои ненајдено упаѓаат во градот и крмаат во барот, 'огромни планини од кожа и коса'."[3]

Ликот на Хагрид и разговорите помеѓу него и Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер во неговата колиба се експозитивни низ серијалот, поради тоа што триото обично дознаваат работи за Дамблдор и Хогвортс зборувајќи со Хагрид, бидејќи тој има навика да му се испуштаат нешта. Откако го воведува Хари во волшебничкиот свет, Хагрид се оттогаш е еден од најблиските пријатели на Хари. Хагрид постојано го надгледува, и е прилично заштитнички, гледајќи го како сирак и аутсајдер. Во возрат Хари, покрај големата животинска опседнатост, го гледа Хагрид како еден од најважните личности во неговиот живот. Роулинг наведува во едно интервју дека сцената во последната книга во која Хагрид е виден како го носи очигледно мртвото тело на Хари е многу значајна откако „Хагрид го носи Хари од Дарслиеви. Тој го носи во волшебничкиот свет … Тој се постави како негов чувар и водич ... И сега сакав Хагрид да биде тој што ќе го извлече Хари од шумата.“[4] Тој е исто така еден од првите ликови кој подразбира дека мислињето на волшебниците за „чистокрвните“ и „полукрвните“ е застарен поим.

Роулинг наведува во едно интервју дека Хагрид бил во домот Грифиндор додека бил ученик.[5] Кога ја поседувал акромантулата, тој бил избркан бидејќи неговото милениче се сметало да биде „чудовиштето на Слитерин“. Сепак, разубеден од Албус Дамблдор (кој во тоа време бил професор по преобразување), директорот Армандо Дипет се согласил да го обучува Хагрид за ловочувар, дозволувајќи му на момчето да остане во Хогвортс. Веќе кога Хари почнува да учи во Хогвортс, Хагрид е исто така и чувар на клучевите и имотот: претходното, според Роулинг, значи „дека тој те пушта надвор и во Хогвортс“.[6] Дел од неговата работа вклучува водење на учениците од прва година преку езерото во бротчиња, кога за првпат пристигнуваат во Хогвортс.



Наводи

уреди
  1. „Jo Rowling interviews 1997 to the present“. Архивирано од изворникот на 2011-03-10. Посетено на 2009-07-18.
  2. Conversations with JK Rowling, p.37-8
  3. Goring, Rosemary. "Harry's Fame," Scotland on Sunday, 17 јануари 1999
  4. „Rowling: I wanted to kill parents - Wild about Harry - MSNBC.com“. Архивирано од изворникот на 2007-08-27. Посетено на 2009-07-19.
  5. JK Rowling Interview
  6. Anelli, Melissa and Emerson Spartz. "The Leaky Cauldron and MuggleNet interview Joanne Kathleen Rowling: Part Three," The Leaky Cauldron, 16 јули 2005