Роналд Билиус „Рон“ Визли (англиски: Ronald Bilius "Ron" Weasley) e измислен лик во серијата книги Хари Потер напишани од Џ. К. Роулинг. Тој е еден од централните ликови во книгата. Негово прво појавување во книгите е во првата книга, Хари Потер и Каменот на мудроста (1997) како најдобриот пријател на протагонистот Хари Потер и Хермиона Гренџер. Тој е член на семејството Визли, чистокрвно семејство, кое живее во т.н. „Дувло“. Заедно со Хари и Хермиона, тој е член на домот Грифиндор. Во филмовите, толкуван е од глумецот Руперт Гринт.

Роналд Билиус Визли
Ronald Bilius Weasley
лик од 'Хари Потер'
Grint.weaseley.OotP1.jpg
Руперт Гринт како Рон Визли
во Хари Потер и Редот на фениксот
ДомГрифиндор
ГлумецРуперт Гринт
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди