Ретропродолжение

Ретропродолжение (или приквел) е дело кое надополнува некое претходно дело (како продолжение), но се одвива пред претходното дело. Изразот „ретропродолжение“ е македонски превод на „приквел“ (англиски: prequel), кој е неологизам од 20 век, односно кованица од латинската претставка pre- (пред) и англискиот збор sequel, што значи „продолжение“ (надополнување на претходно дело што се одвива по тоа претходно дело, од латинското sequella, нешто што следи).

Историја

уреди

Иако зборот „ретропродолжение“, односно „приквел“ е релативно нов, дела со тој концепт постоеле многу порано. Постои теорија со која се сложуваат многумина историчари дека Рута од Библијата е еден вид на ретропродолжение, односно списокот на предци на Давид е напишан кога веќе постоела огромна литература во врска со Давид.

Според „Оксфордскиот речник на англискиот јазик“, зборот prequel првпат се појавил во печатот во 1958 година, во статија во „The Magazine of Fantasy & Science Fiction“ од Ентони Баучер. Најверојатно првпат почнале да го користат во општа употреба во почетокот на 1970-тите, за филмот „Кум 2“,[1] каде што се користи за опис на деловите од филмот што се случуваат пред „Кум“, кои се вметнати меѓу другите случувања за надополнување на приказната за криминалното семејство Корлеоне под водство на Мајкл Корлеоне со приказната за неговиот татко, Вито Корлеоне, додека бил млад.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди