Алфонсо Куарон (шпански: Alfonso Cuarón; роден на 28 ноември, 1961 година) е мексикански филмски режисер, продуцент, сценарист, кинематограф и монтажер. Куарон е првиот филмски режисер роден во Мексико, кој ја освоил наградата Оскар за најдобра режија.[1] Тој е номиниран за Оскар во шест различни категории,[б 1] рекорд што го дели со Волт Дизни и Џорџ Клуни.

Алфонсо Куарон
Куарон во јули, 2013
Роден(а)Alfonso Cuarón Orozco
28 ноември 1961(1961-11-28)(63 г.)
Мексико Сити, Мексико
Алма матерНационален автономен универзитет на Мексико
Занимање
  • режисер
  • продуцент
  • сценарист
  • кинематограф
  • монтажер
Активен период1981–сè уште
СопружникМаријана Елизондо (в. 1980; раз. 1993)
Аналиса Буљани (в. 2001; раз. 2008)
Деца3, меѓу кои Хонас Куарон
РодниниКарлос Куарон (брат)

Куарон има добиено 11 номинации за Оскар, освојувајќи четири меѓу кои Најдобар режисер за Гравитација (2013) и Рома (2018), Најдобра филмска монтажа за Гравитација и Најдобра кинематографија за Рома. Неговото творештво вбројува неколку филмови од различни жанрови: семејната драма Малата принцеза (1995), романтичната драма Големи очекувања (1998), патописниот младински филм Y tu mamá también (2001), фантазискиот филм Хари Потер и Затвореникот во Азкабан (2004), и дистописката научна фантастика Деца на човештвото (2006).[2][3][4]

Белешки

уреди

Наводи

уреди
  1. „Oscars: Alfonso Cuaron's 'Roma' Wins Mexico Its First Foreign-Language Honor“. The Hollywood Reporter. Посетено на November 27, 2020.
  2. „Decade: Alfonso Cuarón on "Y Tu Mama Tambien". IndieWire. Посетено на November 27, 2020.
  3. „Alfonso Cuarón Didn't Want to Direct 'Harry Potter' Until Guillermo Del Toro Called Him an 'Arrogant Bastard' and Changed His Mind“. IndieWire. Посетено на November 27, 2020.
  4. „AFI|Catalog - Children of Men“. AFI. Посетено на 2020-03-24.