Халкбанка АД Скопје — македонска универзална банка која ги извршува сите видови банкарски работи во Македонија. Таа е наследник на поранешната Извозно Кредитна Банка АД Скопје, која во текот на 2011 година го променила името во Халкбанка АД Скопје, како резултат на промена во акционерската структура. Како една од средните по големина банки во државата, според класификацијата од НБРМ, Халкбанка АД, Скопје е афирмирана и препознатлива како банка за поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија на македонскиот пазар. Халкбанка АД Скопје остварува долгорочна соработка со меѓународни финансиски институции при обезбедување на долгорочни фондови за развој на македонската економија.[1]

Групација Халк банка, Турција

уреди

Халкбанка АД Скопје е дел од групацијата Халкбанк Турција (Türkiye Halk Bankası A.Ş.), основана во 1938 година, која е една од најголемите банки на турскиот банкарски пазар. Заклучно со крајот на 2010 година, Халкбанк имала актива од над 35 милијарди евра и капитал од 3,5 милијарди евра. Стапката на поврат на капиталот изнесувал повеќе од 30% во 2010 година, со нето профит од 1 милијарда евра. Банката има над 700 филијали во Турција и во странство и преку 13 000 вработени..

Спојувањето со Зираат банка

уреди

Врз основа на Решението на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 7422 од 10.09.2012 година била издадена дозвола за статусна промена присоединување на „Зираат банка“ АД Скопје кон „Халк банка“ АД Скопје. На 01.10.2012 година, во Централниот регистар на Република Македонија бил извршен упис на статусната промена - присоединување. Со извршениот упис на статусната промена - присоединување, „Зираат банка“ АД Скопје престанала да пости како правно лице без да се спроведе постапка за ликвидација, а целокупниот нејзин имот и обврски преминале кај „Халк банка“ АД Скопје.[2]
Спојувањето било извршено така што „Халк банка“, преку единаесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност, ја зголемила основата главнина. Одобрението за емитување на акциите го дала Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Притоа, „Халк банка“ АД Скопје издала 100.954 обични акции, со вкупна вредност од 1.009.540 денари. Оваа емисија на „Халк банка“ АД Скопје се реализирала како приватна понуда, бидејќи била наменета за институционалниот инвеститор - „Зираат банка“ од Турција, единствениот акционер на „Зираат банка“ АД Скопје.[3]

Мисија

уреди

Мисијата на Халкбанка АД Скопје е да биде водечка банка истовремено исполнувајќи ги сите услови на универзално банкарство, да биде исто така силна и во производите и услугите за население и континуирано да создава дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените, преку ефикасна имплементација на сите банкарски услуги со свест и разбирање на своите општествени одговорности и должности.[4]

Визија

уреди

Да се биде регионална водечка банка за МСП која е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.[4]

Биланс на состојба

уреди

Состојбата на Билансот на 31 Декември 2012 година изнесува 17.959.586 илјади денари и за разлика од 2011 година, кога изнесувал 9.294.147 илјади денари, бележи пораст од 93% на годишно ниво.

Структурата на Билансот на Состојба на 31.12.2012 година е следна

Средства

  • 50 % Кредити односно 9.051.175 илјади денари.(пораст од 61% во однос на 2011 година)
  • 39% Пари и парични еквиваленти односно 7.046.818 илјади денари.
  • 5 % Хартии од вредност и средства за тргување односно 924.778 илјади денари.
  • 4 % Основни средства односно 681.997 илјади денари.
  • 1 % Преземени средства односно 149.905 илјади денари.
  • 1 % Останати средства односно 85.066 илјади денари.

Извори на средства

  • 60 % Депозити на клиенти односно 10.858.588 илјади денари.(пораст од 98% во однос на 2011 година)
  • 19 % Капитал односно 3.437.723 илјади денари.
  • 11 % Депозити од Банки односно 1.999.003 илјади денари.
  • 9 % Останати позајмени средства односно 1.555.057 илјади денари.
  • 1 % Останати обврски односно 97.861 илјади денари.[1]

Активности на банката

уреди

Согласно дозволата за основање и работење, издадена од Гувернерот на НБРМ, Халк банка, АД - Скопје ги извршува следниве финансиски активности:

Кредитирање

уреди

Халк Банка ги одобрува следниве кредити за населението:[5]

  • Потрошувачки, на износ од 600.000 до 900.000 денари, со рочност од 72 до 95 месеци, а кредитот се одобрува без жиранти или со еден жирант.
  • Хипотекарен, на износ до 150.000 евра и со рочност до 240 месеци, а кредитот се обезбедува со хипотека на недвижен имот.
  • Станбен, на износ до 100.000 евра, со рочност до 25 години, обезбеден со хипотека на недвижен имот.
  • Автомобилски, на износ до 75.000 евра, со рочност до 96 месеци.
  • Кредит со депозит, на износ до 100.000 евра, со рочност до 240 месеци, а како обезбедување служи депозит во банката.
  • Еко-кредит, на износ од 500 до 100.000 евра, со рочност до 240 месеци, а како обезбедување служи меница или хипотека на недвижен имот.
  • Кредитни картички, на износ до 100.000 денари.

Исто така, банката одобрува и кредити на правни лица, како:[6]

Акционерски капитал

уреди

Акционерскиот капитал на Банката во износ од 2.893.690.000,00 денари е составен од 289.369 обични акции со номинална вредност од 10.000 денари за една акција.

Учество на капиталот
Turkiye Halk Bankasi A.S. www.halkbank.com.tr 98.78%
10 други акционери 1.2%
Вкупно 100.00%

Организација и менаџмент

уреди

Неџдет Палакчи / Главен извршен директор и претседател на управниот одбор

Томче Тасевски / Извршен директор задолжен за секторите:

  • Сектор за наплата на ризични побарувања, усогласеност со прописи и сигурност на информативните системи
  • Сектор за финансиско управување, планирање и известување

Турхан Адеми / Извршен директор задолжен за секторите:

  • Сектор за маркетинг
  • Сектор за кредитирање
  • Сектор за средства, ликвидност и меѓународно банкарство

Ертурк Сумер / Извршен директор задолжен за секторите:

Финансиски резултати

уреди

Позначајни финансиски резултати за 31.12.2012:

  • Вкупната актива изнесува 17.959.586 илјади денари.
  • Вкупната пасива изнесува 14.521.863 илјади денари.
  • Вкупно капитал и резерви изнесува 3.437.723 илјади денари.
  • Стапка на поврат на просечната актива (ROAA) = 0,18%
  • Стапка на поврат на просечниот капитал (ROAE) = 0,92%
  • Стапката на адекватност на капиталот= 26,34%
  • Вкупните приходи во 2012 година изнесуваат 616.112 илјади денари.
  • Вкупните расходи во 2012 година изнесуваат 582.774 илјади денари.
  • Добивката по оданочувањето во 2012 година изнесува 31.726 илјади денари.[1]

Награди и признанија

уреди

ХАЛКБАНК - прва и единствена Банка во Македонија која го нуди сервисот “е-цоммерце” (“електронско тргување”) за вршење на електронски плаќања преку интернет, за сите корисници на ВИСА платежни картички, издадени од било која банка во светот (2009 година)[8]

ХАЛКБАНК AД, Скопје е добитник на признанието “Најдобра Банка во Р Македонија во 2007 година” од магазинот “Finance Central Europe” од Лондон. ХАЛКБАНК е добитник на признанието во категорија на средни и мали банки со што се потврдува успешноста во нејзиното работење, како средна по големина банка во земјата.[9]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Халкбанка АД Скопје[мртва врска]
  2. НБРМ (2012). Извештај за банкарскиот систем на Република Македонија во 2012 година. Скопје. Народна банка на Република Македонија.
  3. „МКД.МК, „Турските банки во Скопје, Зираат банка и Халк банка се спојуваат", 25.9.2012 (посетено на 1.9.2015)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-09-24.
  4. 4,0 4,1 Халкбанка АД Скопје
  5. Халк банка - официјално мрежно место (пристапено на 20.10.2016)
  6. Халк банка - официјално мрежно место (пристапено на 20.10.2016)
  7. Халкбанка АД Скопје
  8. Халкбанка АД Скопје
  9. Халкбанка АД Скопје

Надворешни врски

уреди