Риека
Риека (хрватски: Rijeka, на други дијалекти: Rika и Reka, словенечки: Reka) или Фјуме (италијански: Fiume, унгарски: Fiume, германски: Sankt Veit am Pflaum) — трет по големина град во Хрватска и седиште на Приморско-горската Жупанија. Во Риека живеат 128.624 жители.[1]. Со околината која го опфаќа просторот од поранешната општина Риека со општините Вишково, Чавле, Клана, Јелење и Кострена, и градовите Кастав, Краљевица и Бакар, додека во поширокото подрачје на градот живеат 245.054 жители (2011).
Риека | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Rijeka Città di Fiume | ||||||||
Rijeka | ||||||||
Земја | Хрватска | |||||||
Жупанија | Приморско-горска | |||||||
Управа | ||||||||
• Градоначалник | Војко Оберснел (СДП) | |||||||
Површина | ||||||||
• Градска | 44 км2 (17 ми2) | |||||||
• Градска | 825 км2 (319 ми2) | |||||||
• Метро | 1.665 км2 (643 ми2) | |||||||
Надм. вис. | 0–499 м | |||||||
Население (2011.)[1] | ||||||||
• Градско | 128.624 | |||||||
• Густина | 2.923/км2 (7,570/ми2) | |||||||
• Градскo | 213.666 | |||||||
• Градска | 259/км2 (670/ми2) | |||||||
• Метро | 245.054 | |||||||
• Метро | 147/км2 (380/ми2) | |||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | |||||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |||||||
Пошт. бр. | 51000 | |||||||
Повик. бр. | 051 | |||||||
Рег. таб. | RI | |||||||
Светец-заштитник | Св. Вид | |||||||
Мреж. место | rijeka.hr |
Градот уште во 19 век поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во Ријечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, се развил во едно од најголемите средноевропски пристаништа и моќно индустриско средиште. Денес Риека е најголемо морско пристаниште во Хрватска. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „3 Мај“ и „Виктор Ленац“. Риека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна Југославија.
Во Риека се наоѓа Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц изграден во 1885 година и универзитетот во Риека, основан во 1973 година.
Природна основа
уредиШирокото подрачје на Риека е изградено од варовник со мезозојска старост, додека пак во северниот дел околу Кастав се наоѓаат зони изградени од доломит. Местимично преку варовничките основи се наталожени непропусни наслаги од флиш со палеогенска старост, кои најчесто се наоѓаат во удолнините. Па така во релјефот на подрачјето постои размена на варовнички гребени со доломитски или флишни удолнини.
Географија
уредиРиека се наоѓа на Хрватска, 186 км југозападно од главниот град на Хрватска, Загреб, на северното крајбрежје на Риечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, кое како голем залив во Средоземното Море најдлабоко се вовлкол во европското копно. Риечкиот залив, кој преку Големите (помеѓу Истра и островот Црес), Средните (помеѓу Црес и островот Крк) и Малите врати (помеѓу Крк и копното) е споен со Кварнерскиот Залив, е доволно длабок (око 60 m) за слободно движење на најголемите бродови, што и овозможило на Риека да стане важно морско пристаниште.
, во западниот дел наГрадот Риека лежи на устието на реката Риечина во микрорегијата Винодол на Хрватското приморје. Во Риека започнуваат два важни копнени прометни правци. Првиот го користи фактот што Риека се наоѓа во подрачјето во кое Динаридите се најтесни и најцврсти, што овозможува лесно поврзување на крајбрежјето на Јадранското Море и панонските внатрешности. Додека пак со другиот правец Риека преку Постојниските врати е поврзана со источноалпските простори.
Клима
уредиСпоред Кепеновата класификација на климата, Риека има умерено топла и влажна клима (тип Cf). Просечната температура на воздухот во градот изнесува 13,8 °C, просечната јануарска температура е 5,6 °C, додека просечната температура во јули изнесува 23,3 °C. Годишно во 86 дена со врнежи вкупно паѓаат 1529 мм врнежи од дожд. На количината на врнежи од дожд и нивната годишна распределба исклучително вилјаат есенските и пролетните циклони кои настанале во Џеневскиот Залив. Заедно со сењската, на Јадранот позната е и риечката бура, ладен и сув ветар од правец североисток, чија брзина на моменти достигнува и до орканска вредност (160 км/ч), а најчесто настанува во ладните делови од годината со прелив на ладен воздух од Панонската низина преку Динаридите.
Месец | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Просечна дневна температура (°C) | 5,6 | 6,1 | 8,7 | 12,4 | 17 | 20,6 | 23,3 | 23,3 | 19,1 | 14,5 | 10 | 6,9 | |
Просечна количина на врнежи од дожд (mm) | 133,7 | 109,3 | 105,9 | 114,4 | 99,3 | 104,7 | 79,6 | 97,8 | 166,1 | 180,5 | 181,8 | 155,9 | |
Извор: Државен Хидрометеоролошки завод на Хрватска |
Риека
Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
132
20
−11
|
113
21
−13
|
105
24
−8
|
114
27
0
|
103
32
2
|
104
37
7
|
78
40
10
|
101
38
9
|
167
35
5
|
179
29
1
|
182
26
−5
|
153
20
−9
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: Државни хидрометеоролошки завод Хрватске |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Риека“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Риека“ на Ризницата ? |
Службени портали на градот
уреди- Официјален портал на градот (хрватски) (италијански) (англиски)
- Официјален портал на Приморско-Горанската жупанија (хрватски) (италијански) (англиски)
Информативни содржини
уреди- Туристичка заедница на Риека Архивирано на 15 февруари 2012 г. (хрватски) (италијански) (англиски) (германски)
- Радио Риека (хрватски)
- Дневни весници од Ријеке (хрватски)
- Ријечки интерент портал Архивирано на 4 јули 2008 г. (хрватски)
- Ријечки интерент портал (хрватски)
Култура
уреди- Информации за културните случувања во Риека - Култураплус (хрватски)
- Хрватскиот народен театар Ивана пл. Зајца Архивирано на 25 октомври 2007 г. (хрватски) (англиски)
- Градскиот театар на кукли во Риека Архивирано на 3 август 2008 г. (хрватски)
- Меѓународен фестивал на мали сцени во Риека Архивирано на 15 септември 2008 г. (хрватски) (англиски)
- Џез тајм фестивал Архивирано на 26 септември 2008 г. (хрватски)
Музеји
уреди- Музеј Града Ријеке (хрватски)
- Музеј на модерната и савремена уметност Архивирано на 25 јули 2011 г. (хрватски) (англиски)
- Природнонаучниот музеј во Риека (хрватски) (англиски)
Сообраќај
уреди- Ријечкиот аеродром (хрватски) (англиски) (германски)
- Аутотранс (хрватски) (англиски)
- Пристаниште Риека (хрватски) (англиски)
Мапи
уреди- План на градот града Архивирано на 19 август 2008 г.
- План на градот Архивирано на 27 септември 2007 г.
Останати врски
уреди- ХНК Риека (хрватски)
- Универзитетот во Риека (хрватски) (англиски)
- Движење за независен град Архивирано на 24 декември 2018 г. (хрватски) (англиски) (италијански)
- Регатно натпреварување Фиуманка Архивирано на 4 јули 2008 г. (хрватски) (англиски)