Леополд VI (војвода на Австрија)
Леополд VI Бабенберг (германски: Luitpold VI. von Österreich, роден во 1176 - починал на 28 јули 1230) — владетел од династија Бабенберг[1], војвода на Австрија од 1198 година и војвода од Штаерска од 1194 година до неговата смрт.
Леополд VI | |
---|---|
војвода на Австрија војвода од Штаерска | |
Војвода | 1194–1230 (Штаерска) 1198–1230 (Австрија) |
Претходник | Фридрих I |
Наследник | Фридрих II |
Роден(а) | 1176 |
Починал(а) | 28 јули 1230 Касино |
Сопруга | Теодора Ангелина |
Деца |
|
Татко | Леополд V |
Мајка | Елена Унгарска |
Животопис
уредиЛеополд бил син на Леополд V Бабенберг (1157-1194) и неговата сопруга Елена Унгарска (1158-1199), ќерка на унгарскиот крал Геза II.
По прекршување на одредбите од пактот од Георгенберг, по смртта на Леополд V териториите на Бабенберг биле поделени: поголемиот брат Фридрих I го доби Војводство Австрија (територија што одговара приближно на денешна Долна Австрија и Источна Горна Австрија), а самиот Леополд VI станал војвода на Штаерска. И двете војводства подоцна биле обединети од страна на Леополд VI кога Фридрих починал по само четири години од своето управување.
Крстоносна војна
уредиЛеополд VI учествувал во шпанската Реконквиста и во две крстоносни војни - во 1212 и 1217-1221, поради одбрана на честа на својата династија[2]. Слично на своите претходници, Леополд VI се обидел да го развие феудалниот систем во земјата со основање на манастири. Најважен проект на овој потфат бил манастирот во Лилиенфелд во Долна Австрија по долината на реката Трајзен каде по смртта Леополд бил погребан. Покрај тоа, тој давал поддршка на католичките ордени. Друга важна заслуга на војводата Леополд било тоа што Енс го подигнал во статус на град во 1212 и Виена во 1221, чија територија се зголемила речиси двапати.
Готика
уредиПри управувањето на Леополд, во Австрија започнал да се применува архитектонскиот стил готика. Капелата Capella Speciosa се смета за првиот објект кој бил направен во готски стил во реонот на реката Дунав во Клостернојбург. Реконструкција на капелата може да се види и денес во градините на дворецот во Лаксенбург.
Австрија на Бабенбергите го достигнала зенитот за време на управувањето на Леополд. Како доказ за тоа може да се сметаат бракот на војводата со византиската принцеза Теодора Ангелина и неговиот обид да посредува во односите помеѓу царот на Светото Римско Царство Фридрих II и папа Григориј IX на кои работел до својата смрт во 1230 година во Италија.
Искуство
уредиДворот на Леополд е познат како центар за средновековните минезингери - Валтер фон дер Фогелвајде, Најдхарт фон Ројентал и Улрих фон Лихтенштајн, кои биле редовни посетители на војводата. Се смета дека епската песна Nibelungenlied била напишана во дворот на Леополд VI Бабенберг.
Леополд VI починал во Касино во 1230 и бил наследен од страна на неговиот син Фридрих II.
Семејство
уредиЛеополд VI и Теодора Ангелина (1180/1185 во Цариград, † 22/23 јуни 1246) од византиската царска династија Ангели имале седум деца:
- Маргарет (1204-1266)
- Агнес Австриска (1205-1226)
- Леополд Австриски (1207-1216)
- Хајнрих Австриски (1208-1228)
- Гертруда Австриска (1210-1241)
- Фридрих II (1211-1246)
- Констанца Австриска (1212-1243)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Леополд VI (војвода на Австрија)“ на Ризницата ? |