Натали Портман (хебрејски: נטלי פורטמן‎) (Ерусалим, 9 јуни 1981) родена како Натали Хершлаг, е израелско-американска глумица номинирана за Оскар и добитничка на Златен глобус.

Натали Портман
Портман во 2013
Роден(а)Натали Хершлаг
9 јуни 1981(1981-06-09)(43 г.)
Ерусалим, Израел
ДржавјанствоИзраел Израелско
САД Американско
Алма матерХарвард
Еврејски универзитет во Ерусалим
Занимање
  • глумица
  • продуцент
  • режисер
Активен период1992–сè уште
СопружникБенжамин Милпје (в. 2012)
Деца1

Како девојче, Натали ги поминува училишните распусти посетувајќи театарски кампови, каде што ја развива љубовта спрема глумата. По искуството во еден мјузикл, на 12 години добила улога во филмот „Леон“ (издаден во САД како „Професионалецот“). Во средината на деведесеттите Натали играла помали улоги во филмовите „Жештина“, „Сите велат те сакам“ и „Марс напаѓа!“, како и една поголема улога во „Убави девојки“.

Во доцните деведесетти, таа била избрана за улогата на Падме Амидала во новата трилогија на „Војна на ѕвездите“. Таа глумела во филмовите „Секаде освен тука“, „Мојот живот во Гарден Стејт“, „Поблиску“ и „О за Одмазда“. За филмот „Поблиску“ таа била наградена со Златен глобус и била номинирана за Оскар во категоријата за најдобра глумица во споредна улога.

Во 2010, Портман ја имала главната улога во психолошкиот филм Црн лебед. Нејзината изведба добила позитивни критики и таа ги добила својот прв Оскар за најдобра глумица во главна улога, вториот Златен глобус, првата БАФТА награда, како и наградата на здружението на филмски работници.

Ран живот

уреди

Портман е родена во Ерусалим, Израел.[1][2][3] Таа е единственото дете на Шели,[4] американска домаќинка која работи како Агент на Натали, и Авнер Хершлаг, израелски гинеколог.[5] Нејзините баба и дедо од мајкина страна, Бернис и Артур Стивенс[4] (чие презиме првично било "Елдестајн"),[6] биле од еврејски имигрантски семејства од Австрија и Русија.[7] Нејзините баба и дедо од таткова страна, Маниа (Портман) и Зви Јехуда Хершлаг, биле еврејски имигранти во Израел.[8] Дедото на Натали, Зви е роден во Полска во 1914, и во 1938 се преселил во тогашниот Британски мандат во Палестина, денешен Израел, каде бил професор по економија. Родителите на Зви починале во Аушвиц.[8] Прабабата на Натали од таткова страна, која е родена во Романија, била шпион за британските тајни служби за време на втората светска војна.[9][10][11] Нејзиното оригинално хебрејско име е "Нета-Ли".[12]

Родителите на Портман се запознале во еврејски студентски центар во универзитетот Охајо, каде нејзината мајка продавала билети. Тие продолжиле да комуницираат кога нејзиниот татко се вратил во Израел и се земале неколку години подоцна, кога нејзината мајка се преселила кај него. Во 1984, кога Портман имала три години, семејството се преселило во САД, за нејзиниот татко да ги усоврши неговите медицински вештини.[7] Портман, која е двоен граѓанин на САД и Израел,[13] изјавила дека: "иако навистина ги сакам САД... моето срце е во Ерусалим. Таму се чувствувам како дома."[9]

Семејството на Портман првично живееле во Вашингтон, но во 1988 година се преселиле во Конектикат за на крај да се преселеат во Џерико, Њујорк, на Лонг Ајленд,[14] во 1990 година.[15][16][17]

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kane, Michael (March 19, 2006). „Portman Bold ... and Bald ... in 'V for Vendetta'. Fox News Channel. Архивирано од изворникот на July 4, 2015. Посетено на October 18, 2007.
  2. Crean, Ellen (July 30, 2004). „A 'Garden State' Of Mind“. CBS News. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на October 18, 2007.
  3. Carle, Chris (July 15, 2005). „Comic-Con 2005: IGN Interviews Natalie Portman“. IGN. Архивирано од изворникот на October 30, 2013. Посетено на June 22, 2006.
  4. 4,0 4,1 „Bernice (Hurwitz) Stevens Obituary“. The Cincinnati Enquirer via Legacy.com. October 12, 2014. Архивирано од изворникот на May 3, 2015. Посетено на November 23, 2014.
  5. Pringle, Gill (February 29, 2008). „Natalie Portman — more than a woman“. The Independent. UK. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на March 8, 2011.
  6. Bloom, Nate (February 24, 2011). „Jewz in the Newz: The Oscars, Part II“. The American Israelite. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на March 10, 2011.
  7. 7,0 7,1 Dickerson, p. 22.
  8. 8,0 8,1 Who's who in Israel and in the work for Israel abroad. Bronfman & Cohen Publications. 1978. Посетено на November 20, 2013.
  9. 9,0 9,1 Heath, Chris (June 20, 2002). „The Private Life of Natalie Portman“. Rolling Stone (898). Архивирано од изворникот на December 2, 2014. Посетено на July 4, 2015.
  10. Ethan White. „Natalie Portman-The Shy Superstar“. Scholastic Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-09-10. Посетено на December 30, 2010.
  11. „To Become A 'Black Swan,' Portman Had To Go Dark“. wbur.org. November 30, 2010. Посетено на August 13, 2013.
  12. Salonim, Nir (February 28, 2011). „(Hebrew) ברבורה: כל מה שצריך לדעת על זוכת פרס / A swan: All you need to know about the Oscar winner Natalie Portman“. Israel: Mako.co.il. Архивирано од изворникот на November 9, 2014. Посетено на February 28, 2011. Translated from the original.
  13. Pfefferman, Naomi (April 14, 2002). 'Star Wars' actress helps defend Israel“. Jewish News of Greater Phoenix. The Jewish Journal of Los Angeles. Посетено на January 4, 2011.
  14. Polsky, Carol; Frank Lovece (February 26, 2011). „Portman was ever the swan growing up on LI“. Newsday. New York / Long Island. Посетено на March 21, 2013.
  15. "Natalie Portman". Inside the Actors Studio. Bravo. November 21, 2004. No. 1101, season 11.
  16. Thernstrom, Melanie. "The Enchanting Little Princess", The New York Times, November 7, 2004. Page 2 of online version.
  17. Forrest, Emma (February 24, 2008). „Natalie Portman on Britney, good deeds and Scarlett Johansson's breasts“. The Times. Архивирано од изворникот на 2008-05-15. Посетено на March 5, 2011.

Надворешни врски

уреди