Филип Стојчевски
Филип Стојчевски (роден на 4 февруари 1999 година) ― македонски одбранбен фудбалер.
Филип Стојчевски | |||
---|---|---|---|
Филип Стојчевски како играч на Брегалница 2008 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 4 февруари 1999 | ||
Роден во | Скопје, Македонија | ||
Висина | 1.76 м | ||
Позиција | Одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Брегалница 2008 | ||
Младинска кариера | |||
-2016 | Металург | ||
2016-2017 | Вардар | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016 | Металург | ||
2017-2018 | Вардар | ||
2018-2019 | Македонија Ѓорче Петров 1932 | ||
2019-2020 | Работнички | ||
2020 | Сиони Болниси | ||
2020-2021 | Ренова | ||
2021-2023 | Силекс | ||
2021-2023 | Брегалница 2008 | ||
Репрезентација | |||
2016-2018 | Македонија под 19 години |
Клупска кариера
уредиДо крајот на првата половина на сезоната 2015/16, Стојчевски бил во младинските категории на Металург. Во втората половина на сезоната, Стојчевски бил префрлен во сениорскиот состав на прволигашот Металург и играл до крајот на сезоната. Таа сезона, Металург и Стојчевски биле претпоследни во првенството и отпаднале во Втората лига. Во летото 2016 година, Стојчевски заминал во младинските категории на Вардар. За сезоната 2017/18, во летото 2017 година, тој бил унапреден во сениорскиот состав на прволигашот Вардар. Таа сезона, Стојчевски со Вардар биле вицепрваци во првенството. Следната сезона, тој заминал во прволигашот Македонија Ѓорче Петров 1932. Тој станал играч на Работнички во летото 2019 година. Но тој не ја одиграл целата сезона за Работнички бидејќи во февруари 2020 година, потпишал за грузиски Сиони Болниси. Таму не останал долго и во јули 2020 година, се вратил во Македонија и се приклучил на Ренова за сезоната 2020/21. Со Ренова застанале на 10. место и победиле во баражот за опстанок против Охрид Лихнидос. Во јули 2021 година, за сезоната 2021/22, Стојчевски потпишал за новиот второлигаш Силекс.[1] Таа сезона, Силекс и Стојчевски ја освоиле Втората лига - Запад и директно обезбедиле пласман во Првата лига. Следната сезона, Стојчевски и кратовскиот клуб завршиле на 4. место во Првата лига. Во јули 2023 година, Стојчевски ја сменил средината и потпишал за прволигашот Брегалница 2008.[2][3][4]
Репрезентативна кариера
уредиВо периодот од 2016 до 2018 година, Филип Стојчевски бил дел од Македонија под 19 години.
Почести
уреди- Силекс
- Првак во Втората македонска фудбалска лига - Исток (1): 2021/22
- Вардар
- Вицепрвак во Првата македонска фудбалска лига (1): 2017/18
Наводи
уреди- ↑ Оливер Арсовски (28 јули 2021). „Екс-вардарецот Филип Стојчевски нов играч на Силекс“. aberdzija.com. Архивирано од изворникот 2021-12-06. Посетено на 11 август 2023.
- ↑ „Квалитетно засилување за Брегалница: Филип Стојчевски за посилен среден ред“. ekipa.mk. 11 јули 2023. Архивирано од изворникот 2023-07-12. Посетено на 11 август 2023.
- ↑ „Филип Стојчевски се пресели од Кратово во Штип“. sportsport.mk. 11 јули 2023. Посетено на 11 август 2023.[мртва врска]
- ↑ Ф.К. (11 јули 2023). „Филип Стојчевски е најновото летно засилување за Брегалница“. slobodenpecat.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-14. Посетено на 11 август 2023.
Надворешни врски
уреди- Филип Стојчевски на Ризницата ?
- Филип Стојчевски на Transfermarkt.com
- Филип Стојчевски на Flashscore.com