Нарушување на симетријата
Нарушување на симетријата — појава во физиката каде (бесконечно мали) колебања делуваат врз систем кој преминува критична точка и ја определуваат неговата иднина, одредувајќи по кој огранок растоката (бифуркација) ќе оди системот. Во очите на набљудувачот кој не е свесен за колебањата („шумот“), изборот ќе изгледа произволен. Ова се нарекува „нарушување“ на симетријата, бидејќи ваквите преоди го водат системот од симетрична но безредна состојба во една или повеќе одредено јасни состојби. Се смета дека нарушувањето ан симетријата игра важна улога во образувањето на шеми и шари во природата.
Во 1972 г. нобеловецот Ф.В. Андерсон го искористил нарушувањето на симетријата за да укаже на недостатоци во редукционизмот во трудот наречен „Повеќе значи различно“ (More is different) објавен во списанието Science.[1]
Видови нарушувања
уредиРазликуваме два вида на нарушување на симетријата, зависно од тоа дали неинваријантноста (менливоста) се јавува во равенките за движењето или во основната состојба:
- изречно нарушување на симетријата — равенките за движењето кои го опишуваат системот не се инваријантни при нарушената симетрија.
- спонтано нарушување на симетријата — равенките за движењето на системот се инваријантни, но самиот систем не е, поради неинваријантноста на неговата позадина (простор-времето), т.е. неговиот вакуум. Ваквото нарушување на симетријата се параметризира со поредочен параметар. Посебевн случај на ова нарушување е динамичкото нарушување на симетријата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Anderson, P.W. (1972). „More is Different“ (PDF). Science. 177 (4047): 393–396. Bibcode:1972Sci...177..393A. doi:10.1126/science.177.4047.393. PMID 17796623.