Кенет Ароу
Кенет Џозеф Ароу (англиски: Kenneth Joseph Arrow; р. 23 август 1921) — американски економист, писател и политички теоретичар. Тој е заеднички добитник со Џон Хикс на Нобеловата награда за економија со Џон Хикс во 1972 година. До 2019 година, тој бил најмладиот добитник на Нобеловата награда, која ја добил на возраст од 51 година.
Неокласична економија | |
---|---|
При доделување на Националниот научен медал во 2004 година | |
Роден | 23 август 1921 Њујорк, САД |
Националност | Американец |
Установа | Стенфордски универзитет |
Поле | микроекономија теорија на општа рамнотежа теорија на општествен избор |
Алма матер | Универзитет Колумбија Градски колеџ Њујорк |
Влијанија од | Алфред Тарски Харолд Хотелинг |
Влијаел врз | Амартја Сен Алан Џибард Џон Харсањи Роџер Мајерсон Мајкл Спенс Ерик Маскин Ненси Стоки Карл Шел Ентони Даунс Вахидул Хак |
Придонеси | теорија на општа рамнотежа фундаментални теореми за благосостојба на економијата теорема за невозможното на Ароу теорија на ендоген раст |
Награди | Медал „Џон Бејтс Кларк“ (1957) Нобелова награда за економија (1972) Награда „Фон Нојман“ (1986) Национален научен медал (2004) |
Информации на IDEAS/RePEc |
Ароу е истакнат претставник на повоената неокласична економска школа. Многу од неговите поранешни студенти и самите ја освоиле Нобеловата награда за економија. Неговите најзначајни работи се неговите придонеси кон теоријата на општествен избор, особено „теоремата на невозможното на Ароу“ и неговата работа на анализата на општата рамнотежа. Исто така ја обезбедил основната работа во многу други области на економијата, вклучувајќи ја теоријата на ендоген раст и информациската економија.
Ароу останал активен на меѓународната сцена преку различни иницијативи, меѓу кои „Економисти за мир и безбедност“ и е член на советодавното тело за стимулации на глобалното здравје.
Образование и рана кариера
уредиАроу е роден на 23 август 1921 година во Њујорк. Мајката на Ароу, Лилијан, била од Јаш (Романија), а неговиот татко, Хари, бил од Поду Илоаији (Романија).[1] Семејството на Ароу имал романско-еврејско потекло.[2][3] Неговото семејство многу го поддржувало при неговото образование.[4] Растејќи во текот на Големата депресија, го прифатил социјализмот во неговата младост. Подоцна, се оддалечил од социјализмот, но неговите погледи ја задржале бесчувствителноста.[5]
Завршил во средното училиште Таунсенд Харис, а потоа дипломирал на Градскиот колеџ Њујорк во 1940 година на насока математика. Се запишал на Универзитетот Колумбија на додипломски студии. Додека бил таму, студирал кај Харолд Хотелинг и бил под големо влијание од него.[5] Ја добил магистратурата во 1941 година. Служел како временски офицер во американските воздухопловни сили од 1942 до 1946 година.[6]
Од 1946 до 1949 година бил студент на Колумбија и истражувачки член на Каулсовата комисија за истражување во економијата на Чикашкиот универзитет. Во текот на ова време бил асистент по економија на Чикашкиот универзитет. Во 1951 година станал доктор на науки во Колумбија.[7]
Ароу е брат на економистот Анита Самерс, внук на економистот Лери Самерс и шура на поновите економисти Роберт Самерс и Пол Семјуелсон.
Ароу и неговата жена Селма имаат две деца, синовите Дејвид и Ендру, обајцата глумци.
Академска кариера
уредиМоментално е пензиониран професор по економија и по операциони истражувања на Стенфордскиот универзитет. Исто така, тој е основачки член на Папската академија на општествените науки и член на научниот одбор на Институтот во Санта Фе, основач на „Економисти за мир и безбедност“, а бил иводечки претседавачки член на Меѓувладиниот панел за климатските промени и уредник на годишното издание за економија.
Четворица од неговите поранешни студенти станале нобеловци. Тоа се следниве: Ерик Маскин, Џон Харшани, Мајкл Спенс и Роџер Мајерсон.[8]
Ароу бил советник во владината администрација како член на Советот за економски прашања во 1960-тите години, заедно со Роберт Солоу.[9]
Збирката на трудовите на Ароу се чува во библиотеката Рубенстајн на Универзитетот Дјук.[10]
Придонеси
уредиТеоремата на невозможноста
уредиВо 1951 година, Ароу ја објавил книгата „Општествениот избор и поединечните вредности“ (Social choice and Individual values) која потекнува од неговата докторска теза. Во неа, тој ја изведува Општата теорема на невозможното која гласи: Невозможно е да се одреди општествената преференција која ќе ги задоволува сите под следниве услови:
- Независност од нерелевантните алтернативи: ако изборот е отстранет, тогаш поредокот на останатите не треба да се промени, т.е. исходот од гласањето не треба да зависи од нерелевантните алтернативи.
- Рационалност: процесот на гласање треба да биде рационален, т.е. да води до „рационални“ исходи од гласањето.
- Недиктаторство: претпочитањата на поединецот не треба да станат групни без да се сметаат претпочитањата на другите.
- Поединечна сувереност: секој поединец треба да може да ги подреди изборите на било кој начин и да назначи врски.
- Едногласност: ако секој поединец претпочита еден избор пред друг, тогаш групата треба да го направи истото.
- Уникатност на групниот поредок: методот треба да го добие истиот резултат каде и да биде применет под одредени претпочитања. Групниот поредок треба да биде транзитивен.
Теоремата на Ароу има големо значење за теоријата на демократијата, зашто тој покажал дека ниту еден систем на гласање не ги задоволува горенаведените критериуми на одлучувањето. Имено, Ароу докажал дека ниту еден метод на гласање не дава задоволителни резултати, кога се гласа за три или повеќе алтернативи. Сепак, треба да се забележи дека доказот на Ароу вреди само ако за одделните алтернативи се гласа во парови.[11]
Теоремата има импликации за економската благосостојба и теориите на еднаквоста. Подоцна, таа била проширена со либералниот парадокс на Амартја Сен, кој вели дека давајќи статус на „минимална слобода“ не постои начин за остварување на Паретова ефикасност, ниту за избегнување на проблемот на општествен избор на неутралност, туку нееднакви резултати.
Како пример на ова би биле следниве избори за поделба на торта помеѓу тројца луѓе (на пример, А, Б и В).
Избор 1: А не добива ништо, Б и В добиваат по пола.
Избор 2: Б не добива ништо, А и В добиваат по пола.
Избор 3: В не добива ништо, А и Б добиваат по пола.
Избор 4: да се подели тортата еднакво.
Така, ако секој поединец гласа за да добие најмногу торта, изборот 4 ќе биде трет во секој список и при секој директен избор ќе изгуби 2 наспроти 1 во нееднаква распределба. Бидејќи сите овие избори се Парето-ефикасни (ниедна благосостојба не може да биде подобрена без намалување на благосостојбата на другите) изборот под реден број 4 нема да биде избран, бидејќи секогаш ќе има другите претпочитани избори.
Теорија на општа рамнотежа
уредиРаботејќи со Жерар Дебре, Ароу го направил првиот точен доказ за постоењето на пазарната рамнотежа на чистење, давајќи одредени ограничувачки претпоставки. За ова дело и неговите други придонеси, Дебре ја добил Нобеловата награда за економија во 1983 година. Ароу го проширил моделот и неговата анализа ја вклучува и неодлучноста, стабилноста. Неговите придонеси кон теоријата на општата рамнотежа биле под силно влијание на Богатството на народите на Адам Смит. Напишано во 1776 година, „Богатството на народите“ е преглед на економскиот раст донесен преку поделба на трудот, преку осигурување на меѓузависноста на поединците во рамките на општеството.[12]
Во 1974 година, Американската економска асоцијација објавила труд напишен од Кенет Ароу, „Општа економска рамнотежа: Цел, аналитички техники, групен избор“ (General Economic Equilibrium: Purpose, Analytic Techniques, Collective Choice), каде изјавил, „Од времето на Богатството на народите на Адам Смит во 1776 година, една периодична тема на економската анализа имала одреден степен на кохерентност помеѓу огромната бројка на поединечни и навидум различни одлуки околу купувањето и продавањето на добра. Во секојдневието, нормалното искуство, постои некаква рамнотежа помеѓу количините на добра и услуги кои некои поединеци сакаат да ги набават и колични кои другите, различни поединеци сакаат да ги продадат. Дали купувачите бројат точно дали ќе можат да ги остварат своите мотиви и дали продавачите вообичаено не произведуваат големи количини на добра кои не можат да ги продадат. Ова искуство на рамнотежа е толку раширено што не го подигнува интелектуалното ниво помеѓу лаиците; тие тоа го земаат здраво за готово што не треба да го разберат механизмот како се случува“.[13]
Фундаментални теореми за економската благосостојба
уредиПретставувал две фундаментни теореми за економската благосостојба и нивните докази без барање различност на корисноста, потрошувачката или технологијата.
Теорија на ендоген раст
уредиАроу ја истражувал теоријата на ендоген раст (исто така позната како „нова теорија на раст“), која сакала да го објасни изворот на технолошка промена, кој е клучен поттикнувач на економскиот раст. Додека оваа теорија не станала позната, технолошката промена се сметала за егзогена — тоа е, се претпоставувало дека се случува надвор од економските активности и била надвор (егзогена) во обичните економски модели. Во исто време немало економско објаснување за „зошто“ се случува. Теоријата на ендоген раст обезбедила стандардни економски причини за тоа зошто претпријатијата прават иновации, водечките економисти да мислат на иновацијата и технолошката промена како одредена од економските чинители, што е ендогено на економските активности и така припаѓа во рамките на моделот. Литературата на оваа теорија била подоцна развиена при работата на Ароу.
Информациска економија
уредиВо другите пионерски истражувања, Ароу ги истражувал проблемите предизвикани од асиметричните информации на пазарите. Во многу трансакции, една страна (обично продавачот) има повеќе информации околу производот што треба да се продаде отколку другата страна. Асиметричните информации создаваат стимули за страната со повеќе информации за ја измами страната со помалку информации; како последица, се развиле бројни пазарни структури, вклучувајќи гаранции и потврдување од трета страна, што им дозволило на пазарите со асиметрични информации да функционираат.
Награди и признанија
уредиАроу бил избран како член на Американската академија на науките и уметностите во 1959 година.[14] Бил еден од добитниците на Националниот научен медал во 2004 година, највисоко научно признание во земјата, доделено од претседателот Џорџ В. Буш за неговите придонеси кон истражување на проблемот за донесување одлуки користејќи несовршени информации и неговото истражување за носење на ризикот.
Публикации
уреди- Ароу, Кенет (1951a). „Alternative approaches to the theory of choice in risk-taking situations“. Econometrica. The Econometric Society. 19 (4): 404–437. doi:10.2307/1907465. JSTOR 1907465.
- Ароу, Кенет (1951b). Social choice and individual values (1.. изд.). Њу Хевен, Њујорк: J. Wiley/Chapman & Hall. OCLC 892549124.
- Ароу, Кенет; Харис, Теодор; Маршак, Џејкоб (јули 1951). „Optimal inventory policy“. Econometrica. The Econometric Society. 19 (3): 250–272. doi:10.2307/1906813. JSTOR 1906813.
- Ароу, Кенет; Хурвич, Леонид (1953). Hurwicz's optimality criterion for decision making under ignorance. Technical Report 6. Стенфордски универзитет.
- Исто така достапна како: Ароу, Кенет; Хурвич, Леонид (1977). „Appendix: An optimality criterion for decision-making under ignorance“. (електронска книга). Cambridge Books Online: 461–472. doi:10.1017/CBO9780511752940.015.
- и како: Ароу, Кенет; Хурвич, Леонид (1977), „Appendix: An optimality criterion for decision-making under ignorance“, Во Ароу, Кенет; Хурвич, Леонид (уред.), Studies in resource allocation processes, Кембриџ - Њујорк: Cambridge University Press, стр. 461–472, ISBN 9780521215220
- Ароу, Кенет; Дебре, Жерар (јули 1954). „Existence of an equilibrium for a competitive economy“. Econometrica. The Econometric Society. 22 (3): 265–290. doi:10.2307/1907353. JSTOR 1907353.
- Ароу, Кенет (февруари 1959a). „Functions of a theory of behaviour under uncertainty“. Metroeconomica. Wiley. 11 (1–2): 12–20. doi:10.1111/j.1467-999X.1959.tb00258.x.
- Ароу, Кенет (1959b), „Toward a theory of price adjustment“, Во Абрамовиц, Мозес (уред.), The allocation of economic resources: essays in honor of Bernard Francis Haley, Стенфорд, Калифорнија: Stanford University Press, OCLC 490147128.
- Ароу, Кенет (1960), „Price-quantity adjustments in multiple markets with rising demands“, Во Ароу, Кенет; Карлин, Сејмуел; Суп, Патрик (уред.), Mathematical models in the social sciences, 1959: Proceedings of the first Stanford symposium, Stanford mathematical studies in the social sciences, IV, Стенфорд, Калифорнија: Stanford University Press, стр. 3–15, ISBN 9780804700214.
- Ароу, Кенет; Суп, Патрик; Карлин, Сејмуел (1960). Mathematical models in the social sciences, 1959: Proceedings of the first Stanford symposium. Стенфорд, Калифорнија: Stanford University Press. ISBN 9780804700214.
- вклучувајќи го: Ароу, Кенет Price-quantity adjustments in multiple markets with rising demands, стр. 3–15.
- Ароу, Кенет (јуни 1962). „The economic implications of learning by doing“. The Review of Economic Studies. Oxford Journals. 29 (3): 155–173. doi:10.2307/2295952. Исто така достапен преку: JSTOR 2295952.
- Ароу, Кенет (декември 1963). „Uncertainty and the welfare economics of medical care“. American Economic Review. American Economic Association. 53 (5): 941–973. JSTOR 1812044. Верзија во PDF Архивирано на 11 мај 2011 г.
- Ароу, Кенет (1968), „Economic equilibrium“, Во Мертон, Роберт; Силс, Дејвид (уред.), International encyclopedia of the social sciences (изд. 4), Лондон - Њујорк: Macmillan and the Free Press, стр. 376–388, OCLC 310091393.
- Ароу, Кенет (1969), „The organization of economic activity: issues pertinent to the choice of market versus non-market allocations“, The analysis and evaluation of public expenditures: the PPB system; a compendium of papers submitted to the Subcommittee on Economy in Government of the Joint Economic Committee, Congress of the United States, 1, Вашингтон: Government Printing Office, стр. 47–64, OCLC 26897.
- Ароу, Кенет (1970). Essays in the theory of risk-bearing. Амстердам: North-Holland Pub. Co. ISBN 9780720430479.
- Ароу, Кенет; Хан, Франк (1971). General competitive analysis. Сан Франциско: Holden-Day. ISBN 9780816202751.
- Ароу, Кенет; Хурвич, Леонид (1972), „Decision making under ignorance“, Во Картер, Фредерик; Форд, Л. (уред.), Uncertainty and expectations in economics: essays in honour of G.L.S. Shackle, Оксфорд - Њујорк: Basil Blackwell/Augustus M. Kelley, ISBN 9780631141709.
- Ароу, Кенет (1974). The limits of organization. Њујорк: Norton. ISBN 9780393093230.
- Ароу, Кенет (февруари 1977). „Extended sympathy and the possibility of social choice“. American Economic Review, специјално издание: Papers and Proceedings of the Eighty-ninth Annual Meeting of the American Economic Association. American Economic Association. 67 (1): 219–225. JSTOR 1815907.
- Ароу, Кенет. Collected papers of Kenneth J. Arrow. Кембриџ, Масачусетс: Harvard University Press.:
- Ароу, Кенет (1983a). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 1: social Choice and justice. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137608.
- Ароу, Кенет (1983b). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 2: general equilibrium. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137615.
- Ароу, Кенет (1984a). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 3: individual choice under certainty and uncertainty. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137622.
- Ароу, Кенет (1984b). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 4: the economics of information. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137639.
- Ароу, Кенет (1985a). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 5: production and capital. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137776.
- Ароу, Кенет (1985b). Collected papers of Kenneth J. Arrow, volume 6: applied economics. Кембриџ, Масачусетс: Belknap Press. ISBN 9780674137783.
- Ароу, Кенет (1987), „Rationality of self and others in an economic system“, Во Хогарт, Робин; Редер, Мелвин (уред.), Rational choice: the contrast between economics and psychology, Чикаго: The University of Chicago Press, стр. 201–216, ISBN 9780226348575.
- Ароу, Кенет (мај 1994). „Methodological individualism and social knowledge (предавање на Ричард Елај)“. American Economic Review, специјално издание: Papers and Proceedings of the Hundred and Sixth Annual Meeting of the American Economic Association. American Economic Association. 84 (2): 1–9. JSTOR 2117792. Верзија во PDF
- Ароу, Кенет (2008), „Arrow's theorem“, Во Дарлауф, Стивен; Блум, Лоренс (уред.), The new Palgrave dictionary of economics (2.. изд.), Palgrave Macmillan, ISBN 9780333786765.
- Исто така достапно електронски како: Ароу, Кенет (2008). „Arrow's theorem“. The new Palgrave dictionary of economics online. Palgrave Macmillan. doi:10.1057/9780230226203.0061.
- Ароу, Кенет (2008), „Hotelling, Harold (1895–1973)“, Во Дарлауф, Стивен; Блум, Лоренс (уред.), The new Palgrave dictionary of economics (2.. изд.), Palgrave Macmillan, ISBN 9780333786765.
- Исто така достапно електронски како: Ароу, Кенет (2008). „Hotelling, Harold (1895–1973)“. The new Palgrave dictionary of economics online. Palgrave Macmillan. doi:10.1057/9780230226203.0747.
- Ароу, Кенет; Дебре, Жерар (2001). Landmark papers in general equilibrium theory, social choice and welfare. Edward Elgar Publishing. ISBN 9781840645699.
- Ароу, Кенет (јуни 2009). „Some developments in economic theory since 1940: an eyewitness account“. Annual Review of Economics. Wiley. 1: 1–16. doi:10.1146/annurev.economics.050708.143405.
- Ароу, Кенет; Андерсон, Филип; Пајнс, Дејвид (1988). The economy as an evolving complex system. Редвуд Сити, Калифорнија: Addison-Wesley Pub. Co. ISBN 9780201156850.
Наводи
уреди- ↑ „Premiat Nobel cu origini româneşti, Doctor Honoris Causa al Universităţii "Al. I. Cuza" din Iaşi“. Jurnalul.ro. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ Абу Вахид (2002). Frontiers of Economics: Nobel Laureates of the Twentieth Century. Greenwood Publishing. стр. 5. ISBN 0-313-32073-X.
- ↑ Стивен Пресман (1999). Fifty major economists: Business & Economics. Routledge Publishing. стр. 177. ISBN 0-415-13480-3.
- ↑ „Американски еврејски добитници на Нобеловата награда“. Fau.edu. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ 5,0 5,1 „Идеолошки профил на економските добитници“. Econjwatch.org. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ „Кенет Ароу“. Стенфордски универзитет. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ „Кенет Ароу - Биографија“. Nobelprize.org. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ Џон Шовен. „Придонесите на Кенет Ароу кон економијата“ (PDF). Siepr.stanford.edu. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-01. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ „American President“. Millercenter.org. Архивирано од изворникот на 2014-11-02. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ „Трудови на Кенет Ароу, 1939–2009“. Rubenstein Library, Duke University.
- ↑ James M. Buchanan and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962, стр. 331-334.
- ↑ Smith, Adam, and Andrew S. Skinner. The wealth of nations. London: Penguin Books, 1999. Print.
- ↑ Ароу, Кенет (1974). „General Economic Equilibrium: Purpose, Analytic Techniques, Collective Choice“. American Economic Review. 64 (3): 253–272. JSTOR 1808881.
- ↑ „Book of Members, 1780-2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 25 април 2011.
Надворешни врски
уреди„Кенет Ароу“ на Ризницата ? |
- Собрани трудови на Кенет Ароу
- Кенет Ароу Архивирано на 27 февруари 2009 г. на stanford.edu
- Идеолошки профил
- Автобиографија Архивирано на 2 декември 2001 г. на nobel.se
- Кенет Ароу Архивирано на 8 јануари 2005 г. на cepa.newschool.edu
- Слики на Кенет Ароу
- IDEAS/RePEc
- Кенет Ароу (1921– ). The Concise Encyclopedia of Economics. Library of Economics and Liberty (2.. изд.). Liberty Fund. 2008.