Американска академија на уметностите и науките
Американска академија на уметностите и науките (англиски: American Academy of Arts and Sciences) — независен истражувачки центар кој врши повеќедисциплински изучувања на сложени и престојни проблеми од разни области. Членовите на академијата се предводници во академските дисциплини, уметностите, деловното работење и јавниот сектор.
American Academy of Arts and Sciences | |
Лого на академијата | |
Гесло | „Да се негуваат сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ.“ |
---|---|
Основана | 4 мај 1780 |
Вид | истражувачки центар |
Цел | повеќедисиплински изучувања на сложени и престојни проблеми |
Седиште | Кембриџ, Масачусетс, САД |
Членство | 5.700+ активни членови |
Мреж. место | amacad.org |
Историја
уредиАкадемијата е основана во 1780 во Бостон за време на Американската револуција. Нејзини основачи се општествениците Џејмс Боудин, Џон Адамс и Џон Хенкок. Според повелбата, академијата има за цел да „[ги] негува сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ“. Во основањето учествувал и правникот Роберт Трит Пејн и начелници на 58 месни заедници. Меѓу првите членови на академијата се вбројуваат разни истакнати дејци како Бенџамин Френклин, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон.
Дејност
уредиДенес академијата е сместена во Кембриџ, Масачусетс. Во состав на нејзината дејност, академијата приредува конференции, организира истражувачки проекти и го објавува тримесечникот Dædalus („Дедал“). Има околу 4.000 академици и 600 странски почесни членови. Околу 200 члена се добитници на Нобеловата награда.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Американската академија на уметностите и науките на Ризницата ?
- Матична страница (англиски)
- Тековни членови на академијата (англиски)