Вашингтон
Вашингтон (анг: Washington, D.C.) — главен град на Соединетите Американски Држави. Името го добил по првиот Претседател на Соединетите Американски Држави. Се наоѓа во Федералниот округ Колумбија (District of Columbia односно „D.C.“), специјална област која не е сојузна држава. Градот и округот се наоѓаат на бреговите на реката Потомак и граничат со државите Вирџинија (на југозапад) и Мериленд (на север, исток и југ). Градот е испланиран и изграден кон крајот на XVIII век за да служи како главен град на државата, а федералниот округ е основан за да го одвојува главниот град од државите. Од 1800 година, Вашингтон e дом на сите три гранки на Владата на САД: Конгресот, Претседателот и Врховниот Суд. Градот исто така е дом и на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Организацијата на американските држави. Бидејќи е дом на Претседателот и е значаен за политиката на САД, во градот многу групи одржуваат демонстрации и протести, најчесто во националниот парк, голем парк со многу споменици и музеи. Многуте споменици го прават Вашингтон популарно туристичко место.
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Местоположба на Вашингтон, во однос на државите Мериленд и Вирџинија | |||
Координати |
| ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Вашингтон Washington, D.C. | ||
Прекар | DC, The District | ||
Мото - изворно |
Правда за сите Justitia Omnibus (Justice for All) | ||
Основан | 16 јули 1790 | ||
Повикувачки број | 202 | ||
Портал | www.dc.gov | ||
Управа | |||
Земја | САД | ||
Федерален округ | Колумбија | ||
Градоначалник | Адријан Фенти (Д) | ||
Географија | |||
Површина - копно - вода |
177 km² 159 18 | ||
Надморска височина | 0–125 m | ||
Население | |||
Население | 581 530 жители година: | ||
Густина | 3 481 ж./km² |
Градот го добил името по Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.
Белешки
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија за место во САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |