44°49′09″N 20°26′13″E / 44.819039° СГШ; 20.436931° ИГД / 44.819039; 20.436931

Ушќе
Ушќе
Земја Србија
Град Белград
Општина Нов Белград
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Ушќе претставува дел од населбата Нов Белград, која се наоѓа непосредно до устието каде што се соединуваат Сава и Дунав, по што и го добила тој назив. Овај дел од градот е ненаселен и прекриен е со зелени површини, а во него често се одржуваат популарни манифестации - концерти, фестивали, авто-трки и др.

Локација

уреди

Ушќе го завезема североисточниот дел на Нов Белград и се граничи со реките Дунав и Сава (на север, односно исток), Бранков мост и Булевар Михајло Пупин (на југ) и Булевар Никола Тесла и Земунски кеј (на запад). Северно од Ушќе, преку Дунав се наоѓа Малиот воен остров и Големиот воен остров, а источно, преку Сава се наоѓа Калемегдан и Белградската тврдина. Јужно од Ушќе се наоѓа Старото Сајмиште, најстариот дел на Нов Белград и место на некагашниот Логор Сајмиште, а западно е Земунскиот кеј и Хотелот Југославија.

Уредувањето на Ушќе започнало после Втората светска војна со изградбата на Нов Белград. На денот на почетокот на градењето на Нов Белград на 11 април 1948 година на Ушќe е поставена спомен-плоча со текстот:

Автор на записот на спомен-плочата бил книжевникот и револуционерот Чедомир Миндеровић, а со текот времето спомен-плочата вила тргната, па истоветниот запис бил поставен на камен.

Просторот на Ушќе ја пресекува Улицата Ушќе, која се простирот од Булевара Михајло Пупин и кружното патавање води до Бранковиот моста.

Објекти

уреди

Целиот простор на Ушќе е ненеаселен и се наоѓа под зелена површина. Објектите кои се наоѓаат на Ушќe се:

  • Палатата на Србије, некагашната Палата на Федерацијата популарно наречена „СИВ“, изградена 1959 година за потребите на тогашната Сојузна влада.
  • Трговскиот центар „Ушќе“, некогашната Палата на друштвено-политички организации популарно наречена „ЦК“, изградена во 1964 година за потребите на Општествените-политички организации на СФР Југославија и СР Србија, а превасходно како седиште на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. Оваа зграда била оштетена во текот на НАТО бомбардирањето, а обновена е 2005 година.
  • Зградата на Музејот на современа уметност во Белград, изградена во 1965 година.
  • Трговскиот центар „Ушќе“ изграден е во 2009 година во непосредна близина на ПЦ „Ушќе“ и е еден од најголемите трговски центри на Балканот.

Покрај овие објекти, на Ушќе се наоѓа уште - воениот објект на Војската на Србија (пристаништето на Речната морнарица), популарниот ресторан „Ушќе“ во темелите на започнатиот Музеј на историјата на Југославија (градба започната 1978). Исто така на Савскиот кеј се наоѓаат повеќе сплавови-ресторани, кои се многу популарни за ноќните излегувања.

Парк на мирот и пријателството

уреди

На Ушќе се наоѓа Паркот на мирот и пријателството, кој настанал 1961 година во кој се саделе дрвата на мирот од страна на многу познати светски државници кои престокувале во посета на Југославија, а денес Србија. Меѓу познатите личности, кои посадиле дрво се - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру, Гамал Абдел Насер, кралицата Елизабета -{II}-, Фидел Кастро, Муамер ел Гадафи, царот Хајле Селасије, Леонид Брежњев, Михаил Горбачов, Ричард Никсон, Џими Картер, Тодор Живков, Николае Чаушеску, Ким Ил Сунг, Индира Ганди и др.[1]

Во Паркот на пријателството на 12 јуни 2000 година, по повод годишницата на завршувањето на НАТО бомбардирањето на СРЈ, поставен е Споменикот „Вечен оган, дело на академскиот вајар Светомир Радовиќ. Споменикот е поставен во знак на сеќавање на жртвите на НАТО бомбардирањето, а на него се наоѓаат стиховите на Бранко Миљковиќ. На предната страна се наоѓаат стиховите од песната „Југославија“: Предлошка:Цитат5 А на другата страна стихови од песната „Татковино“: Предлошка:Цитат5

Манифестации

уреди

Одма покрај Паркот на пријателството, се наоѓа големо плато, со површина преку 10 хектари. На оваа „ливада“ се одржуваат разни манифестации - музички концерти, популарни фестивали и др.

Првото масовно случување на Ушќе се двата митинга на симпатизерите на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и СР Југославија. Првиот митинг, бил под називот митинг за „братство и единство 19 ноември 1988 година и на него спрема тврдењето на Радио-телевизија Србија присуствовало околу милион луѓе, додека други извори ја кажуваат бројката од неколку стотини илјади луѓе. Слободан Милошевиќ на митингот присуствовал како тогашен претседател на Претседателство на Централниот комитет на Сојузот ни комунисти на Србија, а овој митинг бил составен дел од тогашната Антибирократска револуција. Другиот митинг, бил одржан под називот „За одбрана на Републиката, за уставност, слобода и демократија“ одржан на 11 март 1991 година, два дена после опозиционите демонстрации во Белград 1991 година. Тоа бил првиот контрамитинг на Милошевиќ на кој присуствовало, спрема официјалните податоци околу 150.000 луѓе, додека други извори тврдат од околу 50.000 луѓе.

Во поново време на Ушќе се одржуваат различните популарни културни манифестации - концерти и др.

Беер фест

уреди

Белградски фестивал на пивото „Беер фест“, настанал во 2003 година и прво се одржвал на Калемегдан, во подножјето на Белградската тврдина, но после инцидентот, кој се случил во 2007 година, кога едно момче скокнало во кавез со мечки во Белградската зоолошка градина, фестивалот е преместен на Ушќе. Поради поголемиот простор на Ушќе фестивал добил на квалитет, како и поголем број на посетители.

Список на концерти

уреди
Дата Назив на концертот/турнеја Изведувач Број на постители
3.7.2004. Остајте овде Рибља чорба и Забрането пушење 40,000
17.6.2006. Цеца Ушће Светлана Цеца Ражнатовиќ 100,000
14.7.2007. A Bigger Bang Tour Ролинг Стоунд 65,000
24.6.2008. The Police Reunion Tour The Police 27,000
24.8.2009. Sticky & Sweet Tour Мадона 39,713
25.6.2011. Здравко Чолић Ушће Здравко Чолиќ 100,000
8.5.2012. Metallica Металика 36,000
19.5.2013. The Delta Machine Tour Дипеш мод 27,198
15.6.2013. Viva la Diva Јелена Карлеуша 40,000
28.6.2013. Ушће 2: Позив Светлана Цеца Ражнатовиќ 130,000
17.6.2015. Let Me Entertain You Tour Роби Вилијамс

Авто-трки

уреди

Наводи

уреди