Унштрут-Хајних (општина)
- За истоимениот округ, погледнете ја Унштрут-Хајних.
Унштрут-Хајних (германски: Unstrut-Hainich) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 1 јануари 2019 година.
Унштрут-Хајних (општина) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Унштрут-Хајних |
Месни единици | 6 |
Основни податоци | |
Површина | 94,34 км2 |
Надм. височина | 225 м |
Население | 5.160 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 55 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UH |
Пошт. бр. | 99947 (Милферштет, Веберштет), 99986 (Флархајм), 99991 (Алтенготерн, Гросенготерн, Херолдисхаузен) |
Повик. бр. | 036022, 036028 |
Портал | www.lg-unstrut-hainich.de |
Местоположба на Унштрут-Хајних (општина) во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
![]() | |
Координати | 51°08′0″N 10°34′0″E / 51.13333° СГШ; 10.56667° ИГДКоординати: 51°08′0″N 10°34′0″E / 51.13333° СГШ; 10.56667° ИГД |
Потекло на името уреди
Името на општината доаѓа од реката Унштрут и ридскиот масив Хајних.
Географија уреди
Местоположба уреди
Општината се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина и се состои од местата Алтенготерн, Флархајм, Гросенготерн, Херолдисхаузен, Милферштет и Веберштет, кои претходно биле самостојни општини.
Во југозападниот дел се наоѓа ексклава на градот Бад Лангензалца и на општината Камерфорст.
Соседни општини уреди
Унштрут-Хајних се граничи со следниве градови и општини (од југозапад надесно): Камерфорст, Оперсхаузен, Милхаузен, Кернер, Нотертал-Хајлингер Хеен, Бад Лангензалца, Шенштет, Херзелберг-Хајних, Берка фор дем Хајних, Бишофрода, Лаутербах и Амт Кројцбург.
Наводи уреди
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
Надворешни врски уреди
- Унштрут-Хајних (општина) на Ризницата ?
Оваа статија за место во округот Унштрут-Хајних е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |