Универзитетска палата (Браунов универзитет)
Универзитетската палата (1770 година) е првиот и најстар објект на Брауновиот кампус во Провиденс, Род Ајленд, САД.[1]
Историјат
уредиИзграден во 1770 година, овој објект првично бил познат како Зданието на колеџот. Зградата била изградена на парцела која припаѓала на основачот на Провиденс и предок на семејството Браун - Чед Браун (околу 1600-1650 година).[2]
Објектот имал различни намени во текот на годините. Моментално во него е сместена канцеларијата на ректорот на Брауновиот универзитет. Таа се наоѓа на првиот спрат каде порано се наоѓала собирната соба на зградата. На горните спратови се наоѓаат други канцеларии од ректоратот и административни тела на универзитетот. Во 1962 година, објектот бил прогласен за Национален историски споменик како одличен примерок на академската архитектура од XVIII век и важно место во животот на педагогот Хорас Ман (1796 - 1859). Ман дипломирал на Брауновиот универзитет во 1819 година и предавал на истиот до 1821 година пред да ја започне својата кариера како реформатор на образованието.[1][3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „University Hall“. university-hall.html (англиски). Посетено на 2020-04-30.[мртва врска]
- ↑ „Encyclopedia Brunoniana | University Hall“. www.brown.edu. Архивирано од изворникот на 2018-01-17. Посетено на 2020-04-30.
- ↑ „List of NHLs by State - National Historic Landmarks (U.S. National Park Service)“. www.nps.gov (англиски). Посетено на 2020-04-30.