Ректорат
Ректорат е главното извршно тело на универзитетот. Типично ректоратот е сочинет од ректор, неколку проректори со одговорност за специфични области и административни работници кои ја поддржуваат работата на ректорот и проректорите. Ректоратот, меѓу другото, е одговорен за набљудување и вршење на универзитетските активности кои не се поврзани со акадмската дејност. Типично, ректорот и проректорите се од професоријатот, но имаат намалени наставна и истражувачка одговорност.