Универзитет Браун
Универзитетот Браун (англиски: Brown University) е седма најстара високообразовна институција во Сооединетите Американски Држави. Тој е основан во 1764 година како Колеџ во англиската колонија Род Ајленд и Провиденските Плантажи (англиски: College in the English Colony of Rhode Island and Providence Plantations), а сегашното име го добива во 1804 година во чест на Николас Браун Џуниор.
Браун се наоѓа во главниот град на државата Род Ајленд, Провиденс и е еден од осумте членови на елитната Бршленова лига. Овој универзитет се концентрира на квалитетни додипломски студии, но исто така вложува и во постдипломски програми. Па, покрај Колеџот во кој учат сите додипломци, останатите училишта во склоп на универзитетот ги вклучуваат и Алперт Ворен медицинското училиште, Училиштето за инженерство, Училиштето за јавно здравје и Училиштето за постдипломски студии.
Моментално на универзитетот Браун студираат 8540 студенти, од кои 6133 се додипломци. Наставничкиот кадар вклучува повеќе од 710 редовни членови, меѓу кои и еден Нобеловец, професорот Леон Купер.[1] Ректорската функција ја извршува професорот по економија и јавна политика, Кристина Хал Паксон.[2]
Библиографија
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 2014-01-14.
- ↑ http://www.huffingtonpost.com/2012/03/05/christina-paxson-brown-un_n_1321731.html