Куќна послуга
Изразот куќна послуга се користи за означување на еден или повеќе слуги кои се вработени во домаќинствата на нивните работодавачи.
Зависно од големината на куќата, имотот и семејството, во едно домаќинство можат да бидат вработени од еден до голем број на слуги, често како дел од комплексна хиерархија.
Управување со домаќинството
уредиКуќи со големи поседи или семејства со повеќе од едно живеалиште вработуваат управител кој го надгледува работата на ваквата установа. Денес неретко среќаваме примери каде што брачниот пар ја споделува должноста за управување меѓусебно.
Куќен персонал
уредиБројот на послугата и поделбата на работните задачи зависи од големината на имотот домаќинството или изборот на работодавачот, но генерално кај поголемите домаќинства домашната послуга е поделена во одделенија управувани од:
- Батлер—Одговорен за сите вработени; задолжен за оставата, чајната кујна, винскиот подрум и собата за ручавање. Во помали куќи батлерот е истовремено и личен слуга на господарот. Машката послуга дава отчет кај него. Иако батлерот му служи на господарот, често дава отчет на господарката на куќата или на домаќинот. Батлерот обично има барем еден сопствен слуга.
- Готвач—Одговорен за кујната и кујнскиот персонал. Понекогаш како главен е вработен шеф на кујна со неколку подредени готвачи. Готвачите обично даваат отчет на господарката, но понекогаш и на домаќинот.
- Домаќин—Одговорен за изгледот на куќата; Главен/а на сите женски слуги. Во многу големи куќи домаќинства батлерот и готвачот му даваат на домаќинот. Домаќинот обично има барем по еден сопствен слуга.
Помошен персонал
уреди- Возач
- Придружник - (Придружничка на дамата)
- Гувернанта
- Лична слугинка (жени)
- Дадилка
- Тутор
- Личен слуга (мажи)
Јуниорски персонал
уреди- Пешак
- Меѓуслугинка
- Меѓуслуга
- Слугинки—собарки, салонски слугинки, готвачки, перачки, детски слугинки, кујнски помошнички, помошнички за конзервирање
- Паж
- Шивачка
- Општ помошник
Персонал на имот
уредиУправител е одговорен за одржувањето на имотот, негово планирање и изглед и помошните објекти (како базен, кабина, штала, стакленик итн.) Овие одговорности се поделени по следниве одделенија:
- Главен градинар—одговорен за имотот околу куќата; претпоставен на сите градинари или сезонски работници.
- Главен коњушар, Господар на загарите или Ловочувар - разни титули кои се употребуваат за лицето кое е чувар на животните, особено оние коио се користат за хобија како јавање, Лов на лисици и Кучкарство.