Тјудорски период

(Пренасочено од Тудорско време)

Тјудорскиот период е историски период помеѓу 1485 и 1558 год. во англиската историја. Тој соодветствува со владеењето на династијата Тјудори (Tudor). Поимот се користи и пошироко, вклучувајќи го владеењето на кралицата Елизабета I (15581603), но понекогаш ова време се смета за посебно, наречено Елизабетанско доба.

Тјудорски период
1485–1603

„Алегорија на Тјудорската династија“ (детал), припишано на Лукас де Хере (~1572).
Од лево кон десно: Филип II, Мери I, Хенри VIII, Едвард VI, Елизабета I.

Претходен  Плантагенетски период
Следен  Елизабетански период


Периоди во историјата на Англија
Тјудорски период (1485–1558)
Елизабетански период (1558–1603)
Стјуардски период (1603–1714)
Јакобински период (1603–1625)
Каролински период (1625–1642)
Џорџијански период (1714–1830)
Регентство (1811–1820)
Викторијански период (1837–1901)
Едвардијански период (1901–1910)

Здравје

уреди

Тјудорските општини била компаративно мали и пренатрупани. Калдрмисаните улици биле тесни и нечисти заради отворената канализација крај нив, носејќи нечистотии кон првата река. Стаорците и мувите биле сеприсутни, со тоа ширејќи зарази како тифус и чума. Само мал број на жители достигнувале возраст од 40 години, а децата често умирале пред да наполнат 5 години.

Дом и храна

уреди

Богатите дворци на село. Овие биле многу големи зданија со до 150 души послуга. Куќите имале многу оџаци за многуте камини кои требале да ги топлат огромните простории и за готвење на храна за богатите гозби, кои имале и по десет јадења. Тие редовно јаделе срнешко месо, косови и чучулиги, но ретко јаделе компир бидејќи во тоа време компирот бил нова храна и ретко кој ја одгледувал. Како засладувач се употребувал медот; шеќерот бил ретко достапен, но кога го имало се ставал во сета храна, заклучно со месото. Сиромашните никогаш не јаделе шеќер и компири и реко јаделе месо. Понекогаш фаќале зајаци и риби, но главно јаделе леб и зеленчуци како зелка и репи.

Образование

уреди

Посиромашните деца не оделе на училиште. Поимашните семејства вработувале приватни учители кои ги учеле децата читање и француски јазик. Момчињата често биле праќани во манстирски училишта каде учеле главно латински и веронаука во класови од по до 60 души. Училишниот ден траел од утро до мрак, а учителите често ги тепале децата. Аристократијата имала посебни учители за секое дете.

Разоноди

уреди

Богатите оделе во лов и се натпреварувале во мечување и витешки двобој. Сиромашните гледале борби со мечки, кучиња и сл, и играле ран облик на рагби. Луѓето оделе и во театар и гледале претстави од автори како Вилијам Шекспир, Бен Џонсон и други.

Во овој период започнала Англиската реформација со т.н. Хенриевска реформација.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди