Трнка
Трнка или Трнков Чифлик (грчки: Δαμάσκηνο, Дамаскино; до 1927 г. Τρίνκα, Тринка[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]
Трнка Δαμάσκηνο | |
---|---|
Координати: 41°23.19′N 23°23.42′E / 41.38650° СГШ; 23.39033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Сенгелово |
Надм. вис. | 130 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на 35 км северно од Сер и на 20 км северно од Валовишта. Лежи во Светиврачко-петричката Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина. Сместено е на границата со Бугарија, кај вливот на река Башлица во Бистрица.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Трнка било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трнка чифлик (Trenka tchiflik) било село со 56 домаќинства на 170 жители Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Трнков Чифлик, му припаѓа на К. Златков, богаташ серјанин. Од Валовишта на С 3 часа; до една од сенгеловските реки, која ја прави почвата прилично плодна. Жителите се сите Македонци и има до 25 куќи.[5][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Трнка живееле 150 Македонци.[3][7]
Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трнков Чифлик (Trinkof-Tchiflik) имало 173 Македонци, сите под Егзархијата.[3][8]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Трнка настрадала во војните, и затоа нејзиното население значително опаднало. Во 1913 г. населението броело 71 жител, а во 1920 г. во него се попишани 52 лица.[2] Во 1923-1924 г. неколку семејства од селото се иселиле во Бугарија, па затоа на пописот од 1928 г. во него се забележани само 35 жители.[2] Во 1927 г. селото е преименувано во Дамаскино.
Во 1940 г. населението пораснало на 55 жители. Во Граѓанската војна, под пристисок на власта, преостанатите жители се иселиле во Бугарија и селото повеќе не било обновено.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 209–210. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 138–139. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 855.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.