Тревник — површина околу улица, парк или градина[1] на друго место за рекреација и спорт насадено со трева, или понекогаш детелина и други растенија, кои по височина се држат ниско и рамномерно.

Типичен тревник
Прскалка на тревник
Тревник во ленти

Употреба

уреди

Тревниците се стандарден елемент на приватни и јавни градини ширум светот. Тие се прават со естетска, како и рекреативна цел (на пр. спорт). Обично се садат близу куѓите, како дел од градината, но ги среѓаваме и кај други украсни површини и градини.

Тревникот се среќава на јавни места како паркови и други зеленила. Многу спортови се играат на ваква површина, намалувајќи ерозија и прашина и давајќи мека површина за играчите на спортови како фудбал, крикет, безбол, голф, тенис, крокет, боќање и други.

За тревник се користат многу видови на трева. Видот кој ќе се употреби зависи од намената на тревникот — за спортови се користат покрути и покрупни треви, додека пофини и помеки треви се користат за украсни тревници. Употребата на даден вид трева зависи и од климата, бидејќи рани треви се адаптирани на разна клима.

Тревите може и да се мешаат. Чести се мешавинитe 50/50 каде, на пример, се користи една трева издржлива на студ и една трева издржлива на топлотија.

Видови треви за тревник

уреди

Постојат илјадници видови на треви за тревник, со тоа што секоја е различно адаптирана на различна наваленост на земјиштето, температура, и толеранција на сонце/сенка. Одгледувачите постојано прават нови видови трева врз основа на основната листа треви. Двете основни категории се треви за топла и треви за студена сезона.

Тревите за студена сезона почнуваат да растат на 5 °C, и најбрзо растат на температура од 10 до 25 °C[2], на клими со релативно благи/свежи зими, со два периода на брз раст на пролет и на есен. Овие треви обично растат многу густо и си ја задржуваат бојата на мнонгу студени температури.[3]

Тревите за топла сезона почнуваат да растат на 10 °C и најбрзо растат на температура од 25 °C до and 35 °C, со еден долг период на раст за време на пролетта и летото.[2] Тие обично хибернираат во постудените месеци, давајќи темни или кафени нијанси. Многу од овие треви трпат суши и високи летни температури. Меѓутоа тие умираат на температура под -15 °C.

Одржување

уреди
 
Водени капки на трева

Одржувањето на груб тревник се состои од повремено косење со соодветна машина или пасење од животни.

Тревници од повисок квалитет бараат разни операции за нивна нега. Овие може да бидат:

  • косење, кратење на тревата редовно и рамномерно
  • греблање за отстранување на мртви треви и спречување на туткање
  • валање, за да се потиснат гранчињата до земја
  • пескарење на тревникот, со песок, земја или друг материјал
  • дупчење и проветрување, за ослободување на потиснатоста на почвата
  • наводнување, против хибернизација и покафенување
  • ѓубрење
  • нанесување на пестициди против коров и штетници

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „тревник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 Huxley, A., ed. (1992). Lawns. In New RHS Dictionary of Gardening 3: 26-33. Macmillan. ISBN 0-333-47494-5
  3. Bornstein, Carol, Fross, David, and O'Brien, Bart; 'California Native Plants for the Garden;' Cachuma Press, Los Olivos, CA; 2005; ISBN 0-9628505-8-6, 0-9628505-9-4. pp. 74-5.

Надворешни врски

уреди
  •   Тревник на Ризницата ?
  • Ивановски, Петар Р.; Прентовиќ, Татјана (2011). „Тревници (учебник)“ (PDF) (I. изд.).