Клуб на великаните на Македонскиот Олимписки Комитет

Членувањето во "Клубот на великаните" на МОК претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во Македонија. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.

Во клубот на великаните на МОК досега се избрани:

  • Славко Матовски (основоположник на повеќе спортови во Македонија) и
  • Дарко Панчев (фудбалска легенда, добитник на златна копачка на Европа и еден од најталентираните голгетери).