Топчилар (грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос), до 1927 година (грчки: Τοπτσιλάρ, Топцилар) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 830 жители.

Топчилар
Άγιος Δημήτριος
Топчилар is located in Грција
Топчилар
Топчилар
Местоположба во областа
Топчилар во рамките на Кожани (општина)
Топчилар
Местоположба на Топчилар во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° СГШ; 21.933° ИГД / 40.417; 21.933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Општ. единицаХелеспонт
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно830
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на југозападните падини на планината Каракамен (Вермио).

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Топчилар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Топцилари живееле 750 Турци.[3]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Топчилар станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Топчилар има 846 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 239 семејства и 884 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Агиос Димитриос.

Демографија

уреди

Пописи

уреди

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 846 жители
  • 1920 – 852 жители
  • 1928 – 850 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.375 1.247 1.376 946 985 1.034 1.077 830
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τοπτσιλάρ -- Άγιος Δημήτριος
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 327.