Томе Буклески
Томе Буклески (Кичево, 21 октомври 1921 - 2 септември 2018) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и државник.[1]
Томе Буклески | ||
Роден | 21 октомври 1921 Кичево, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 септември 2018 | (возр. 96)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | комунист и државник |
Животопис
уредиБил член на КПЈ од 1941 година. Се вклучил во НОБ, заради што бил затворен во затворот во Тирана од април 1942 до септември 1943 година.[2] Од септември 1943 станал и член на Окружниот комитет на КПМ во Кичево, политички комесар на повеќе бригади и баталјони на македонската народноослободителна војска.[3]
По ослободувањето на Македонија, вршел повеќе високи партиски и државни функции. Бил член на Претседателството на ЦК СКМ, вработен во дипломатијата, пратеник во Сојузното собрание и во Собранието на СРМ, претседател на Матицата на иселениците на Македонија. Бил член, а од 29 април 1984 до 26 мај 1985 и Претседател на Претседателството на СРМ.[4]
Бил носител на „Партизанска споменица 1941”.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Borivoj Pajović, Milorad M. Radević, Savez udruženja boraca narodnooslobodilačkog rata Jugoslavije. Savezni odbor (1969). Bibliografija o ratu i revoluciji u Jugoslaviji: Posebna izdanja 1945-1965 (српскохрватски) (Rata "Prošlost naših naroda" ; Knjiga 98. изд.). Vojnoizdavački zavod.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Почина Томе Буклески - Маќули, истакнат македонски револуционер и државник“, Окно, 03.09.2018.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 92. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Службен весник на СРМ, 16/1984.
Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |