Солунски Залив

залив во Егејска Македонија
(Пренасочено од Термајски Залив)

Солунски Залив (грчки: Θερμαϊκός Κόλπος, Термајкос Колпос) — залив во Егејска Македонија на Егејското (Бело) Море. Се протега веднаш јужно од Солун, источно од Пиерија и Иматија, а западно од Халкидик. Грчкото име го носи по старото име на градот Солун, Терма, на крајбрежјето на овој залив. Должината му е околу 100 км, а ширината околу 5 км близу Солун, околу 15 км северно и до 50 км на југ. По заливот е наречена и денешната општина Солунски Залив (Термајкос). Римјаните го нарекувале заливот Thermaicus, Thermaeus sinus или Macedonicus sinus („Македонски Залив“).

Солунски Залив
Θερμαϊκός Κόλπος
Поглед на Солунскиот Залив од солунската населба Хаџи Бали (Переја)
Карта
ПодрачјеСолунско, Егејска Македонија
Координати40°15′N 22°50′E / 40.25° СГШ; 22.83° ИГД / 40.25; 22.83
Видзалив
Дел одЕгејско Море
Речни извориВардар, Бистрица, Галик, Колудеј
Сливни земјиГрција

Географија

уреди

Заливот го опкружува Солунското Поле и рамнината на север додека на исток и југозапад се протегаат ридови и планини. Солунскиот Залив има разни пристаништа по помали места, како и најважното пристаниште во градот Солун. На исток се протега Касандрискиот ’Рт.

Во потесна смисла, заливот на запад се граничи со линија од устието на Вардар до ’ртот на Голем Карабурун (Мегало Емболо), давајќи му должина од 15 км. Според уште потесна смисла, линијата оди од устието на Галик до ’ртот на Мал Карабурун (Микро Емболо).[1]

Населени места

уреди

Населени места на брегот на Солунскиот Залив се Валта (Блата), античкиот град Потидјеа, Либаново, Света Троица, Бахчели, Хаџи Бали, Солун, Гаскарка, Метона, Пидна, Вромероскала (Паралија), Тузла (Алики). Во заливот се влеваат реките Колудеј, Бистрица и Вардар, како и неколку потоци.

Сообраќај

уреди

Солунското пристаниште е најголемото и најпрометното во заливот. На неговите брегови има уште дванаесет пристаништа, претежно за пловен сообраќај. Околу заливот се протегаат поважните патишта во Егејска Македонија, и тоа А1/Е75 (Атина - Солун) од запад, и А25 (Солун - Нова Мудања) од исток.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Malamut Elisabeth, Grélois Jean-Pierre, "Le port de Thessalonique (IVe-XVIe siècles)", Actes des congrès de la Société des historiens médiévistes de l'enseignement supérieur public 35:131-147, La Rochelle, 2004. "Ports maritimes et ports fluviaux au Moyen Age." doi:10.3406/shmes.2004.1875 целосен текст

Надворешни врски

уреди