Терел Вард Бајнам

Терел Вард Бајнам (англиски: Terrell Ward Bynum ) — филозоф, писател и уредувач. Моментално работи како директор и професор по филозофија во Центарот за Истражување за Сметање и Општество во Државниот Универзитет во Јужен Конектикат. Тој е еден од зачетниците во полето на компјутерската етика и информациската етика.[1]

Терел Вард Бајнам
Роден(а)Февруари 1941
Пенсилванија, САД
НационалностАмериканска
ПолињаФилозофија
УстановиДржавен Универзитет во Јужен Конектикат

Образование

уреди

Терел Вард Бајнам уште како многу млад се интересирал за основната природа на универзумот. Тој го започнал своето високо образование на Универзитетот во Делавер. Таму студирал хемија. Таму предавања му држеле многу познати филозофи за науката. Такви биле Карл Хемпбел, Адолф Грунбаум, Ернест Нагел итн. Под силен впечаток од предавањата на овие професори, Бајнам бил поттикнат да се заинтересира за суштината на животот.[2]

Импресиониран од делата на филозофот и математичарот Готлоб Фреге, Терел Вард Бајнам бил многу изненаден кога дознал дека Фреге е сосема недоволно признаен како филозоф, иако луѓето кои знаеле за него, го сметале за еден од највлијателните филозофи во историјата. Многу малку од делата на Готлоб Фреге ја доживеале славата која ја заслужуваат. Од овие причини, Терел Вард Бајнам се заколнал дека ќе му напише биографија на неговиот идол и дека ќе преведе барем неколку од неговите најважни дела, ако има можност за тоа.

Дипломската работа на Терел Вард Бајнам обработувала многу комплексен алгоритам од областа на термодинамиката. Терел Вард Бајнам го продолжил образованието во Универзитетот во Бристол, на насоката Филозофија на науките. Потоа, на Принстон Универзитетот го продолжил образованието на насоката Историја и филозофија на науката.

За време на студиите на Принстон Универзитетот, Терел Вард Бајнам започнал да го исполнува своето ветување во врска со Готлоб Фреге, со тоа што започнал да пишува ракопис за него. Најпрво ова дело требало да биде негова докторска дисертација, но набрзо се пролонгирало во книга за Готлоб Фреге.[2]

Потоа, Терел Вард Бајнам се запишал на програмата за докторат на Градскиот Универзитет во Њујорк. Неговата докторска дисертација била насловена “Теоријата на Аристотел за човечките акции”. Ментор за докторската дисертација му бил Бернард Баумрин.

Работа

уреди

Терел Вард Бајнам е еден од почетниците во полето на компјутерската етика и информациската етика.

Проект „Готлоб Фреге“

уреди

Во текот на неговите студии, Терел Вард Бајнам бил запрепастен од тоа колку филозофот Готлоб Фреге, и покрај тоа што имал големо влијание врз филозофијата како наука, всушност бил релативно непознат за сите, освен за големите познавачи на историјата на филозофијата. Поради ова, Бајнам сакал во текот на неговиот живот, ако постојат можности за тоа, да преведе негови дела или да напише негова биографија. За време на неговиот престој на Принстон Универзитетот, Терел Вард Бајнам започнал да го исполнува ова ветување, со тоа што започнал да пишува ракопис за Готлоб Фреге. Најпрво ова дело требало да биде неговата докторска дисертација, но набрзо се претворило во книга за Готлоб Фреге.[2]

Во 1965 година, Терел Вард Бајнам започнал на проектот Готлоб Фреге. На неговото патување низ Европа, тој ги интервјуирал Бертранд Расел, Рудолф Карнап (ученик на Фреге), Игнацио Ангелели (кој го снабдил со богат материјал од областа на животот на Готлоб Фреге) итн.

Набрзо, Бајнам ја завршил биографијата на Готлоб Фреге, а исто така и преводот на англиски јазик на некои од неговите дела.

Резултатот била книга која во 1972 година била објавена од страна на печатот на Оксфордскиот Универзитет. Истата книга била одново објавена во 2002 година, како класика на Оксфордската Академија.

Американска асоцијација на професори по филозофија

уреди

За време на војната во Виетнам, студентите низ САД барале нивните универзитетски курсеви да имаат примена во реалните животи и да бидат релевантни како делумни решенија за некои општествени проблеми. Така, Терел Вард Бајнам започнал повеќе да се интересира за темата Применета филозофија и за начини за подобрување на предавањата по филозофија. Исто така, тој почнал да има интерес и за филозофски анализи на општествени немири и проблеми.

Терел Вард Бајнам сметал дека треба да има една национална конференција за предавањата по филозофија. Целта на оваа конференција била да се подобри начинот на кој се предава филозофија низ факултетите, училиштата и курсевите. Исто така, целта би била да се имплементира применетата филозофија во училиштата, универзитетите, библиотеките, затворите, домовите за стари лица итн.

Понатаму, Терел Вард Бајнам организирал комитет за планирање на оваа конференција. Овој комитет се состоел од ученици, учители и претставници на Асоцијацијата на Американската Филозофија.

Конференцијата која се создала како резултата на напорната работа на Терел Вард Бајнам била наречена Национална Работилница – Конференција на Предавања по Филозофија. Првпат таа се одржала на факултетот во Шенектади, во Њујорк, во август 1976 година. Нејзиното времетраење било пет дена. Конференцијата имала повеќе од 300 посетители, кои не биле само од САД.

Втората Конференција на Предавања по Филозофија била повторно под водство на Терел Вард Бајнам. Таа се одржала две години подоцна од првата, на истото место. На нејзиниот крај, присутните побарале од Бајнам конференцијата да продолжи да се одржува на определен временски период.

Бајнам набрзо после втората конференција го напишал правилникот и статии за имплементација на оваа конференција. Тој пополнил документи за да ја направи оваа конференција официјална непрофитна образовна членска корпорација на Њујорк. Третата конференција која се одржала во август, 1980 година, станала првата официјална конфернеција од овој тип.

Бајнам бил одбран како извршен директор на конференцијата. Откако завршил со таа позиција, останал како дел од одборот, потпретседател, претседател итн.[2]

Оваа конференција се одржува секоја парна година.

Компјутерска етика

уреди

Од областа на компјутерската етика, Терел Вард Бајнам објавувал книги и статии. Тој создал конференции и работилници на оваа тема. Терел Вард Бајнам одржувал говори, продуцирал видео програми итн. Исто така, тој развил меѓународно познато мрежно место.

Терел Вард Бајнам објавил книги, статии, негови прегледи врз логиката, филозофијата, образованието и историјата на филозофијата. За неговата работа сведочат и вредните награди.

Во 1968 година, Терел Вард Бајнам го создал весникот Метафилозофија. Бил негов уредник дваесет и пет години.[2]

Награди

уреди

Наградите и признанија со кои бил одликуван Терел Вард Бајнам вклучуваат:[2]

  • Наградата Barwise, која му ја доделила Американската Филозофска Асоцијација, поради неговите влијанија врз компјутерската етика
  • Наградата Weizenbaum, која му ја доделило Интернационалното Општество за Етика и Информациска Технологија
  • Наградата Covey 2011, која му ја доделила Интернационалната Асоцијација за Сметање и Филозофија

Наводи

уреди
  1. Кратка биографија на Терел Вард Бајнам A Brief Academic Biography, Архивирано од изворникот на 2012-03-23, Посетено на 2012-03-14
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Статија за Терел Вард Бајнам Terrell Ward Bynum