Тане Цалев Стефаноски, познат како Тане Цалески ( 1918 во Србјани, Кичевско19 ноември 1943 во Симница, Гостиварско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Тане Цалески
Роден 1918 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 19 ноември, 1943 година
Симница, Гостиварско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец
Спомен обележје на Тане Цалески во Кичево.

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Од својата четврта година останал без татко ѝ неговото семејство се пpeceлило и живеело во Кичево, каде го завршил основното училиште. Завршил и трговско училиште, а потоа станал трговски помошник. Бидејќи во 1937 година останал без работа, бил принуден да оди на печалба во Белград, каде успеал да го изучи браварскиот занает и станал квалификуван бравар. Во Белград се поврзал со напредните работници и студенти и учествувал во повеќе штрајкови и демонстрации против тогашната ненародна власт. Во 1938 година, Тане се вратил во Кичево и се вработил како ложач на малиот воз.

Втора светска војна

уреди

Во 1941 година станал член на КПМ во Кичево, а од пролетта 1943 година ѝ член на Месниот комитет за Кичево и секретар на Железничката партиска организација. Во пролетта 1942 година, како работник во ложилницата во Кичево, служел како курирска врска помеѓу Кичево-Струга и Кичево-Гостивар, релацијата на која сообраќал возот. Како секретар на Железничката партиска организација во Кичево, уште во есента 1942 година бил организатор на штрајкот на железничарите. Во септември 1943 година, во слободно Кичево, бил доста активен, а со повлекувањето на единиците од Кичево, заминал партизан со Групата баталјони и учествувал во борбите за второто ослободување на Кичево на 1 ноември 1943 година. Со Групата баталјони ги продолжил борбите на Буковиќ и Гостиварско. На 19 ноември 1943 година бил во една отсечена група борци од баталјоните која водела борба со балистите кај селото Симница - Гостиварско каде бил убиен.[1]

Во негова чест

уреди

Во Кичево, една фабрика за навојни жици е именувана по неговото име,[2] а исто татка и една улица го носи токму неговото име.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 127.
  2. „„ТАНЕ ЦАЛЕСКИ" АД – Македoнска Енциклопедија“. 2018-10-11. Посетено на 2021-10-09.
  3. „Тане Цалески, Кичево“. www.cartogiraffe.com. Посетено на 2021-10-09.