Исповед на еден телевизор

„Исповед на еден телевизор“ — збирка раскази на македонскиот писател Игор Лозаноски објавена во 2020 година во издание на Темплум.

СодржинаУреди

Збирката содржи 26 куси раскази:[1]

  • Штама
  • Симната рампа
  • Исповед на еден телевизор
  • Животот на едно богато магаре
  • Животот на едно сиромашно магаре
  • Прошетка
  • Населба без луѓе
  • Си беше еднаш кога се дишеше
  • И кафето не е тоа што беше
  • Домашната службеничка
  • Ќе прашаат како било тогаш
  • Петтиот гостин
  • Казна
  • Ѕид
  • На старата клупа
  • Лажливо огледало
  • Најдобриот другар на Лука
  • Јаков и телефонот
  • Љубов преку жица
  • Човекот со книгата
  • Во трговскиот центар
  • Од белешките на една придружничка
  • Децата што читаа во училишниот двор
  • Тркало
  • Сиктер-кафе

Осврт кон делотоУреди

Во расказите се опишува отуѓеноста на модерниот човек во еден град што наликува на Скопје, но можеби тоа е малку изместено, дистописко Скопје. Ликовите трпеливо ги загребуваат и осознаваат градот и околината, обидувајќи се да учествуваат во тешко предвидливите промени на едно општество кое налудничаво се фрагментира и затвора.[2]

Технички карактеристикиУреди

Збирката е објавена во рамките на едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 74 страници. Книгата е испечатена во печатницата Графика плус во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4871-40-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.[3]

НаводиУреди

  1. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020.
  2. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020.
  3. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020.