Сум-конструкција

(Пренасочено од Сум конструкција)

Сум-конструкција — една од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Таа се формира со помош на помошниот глагол сум и со глаголска придавка. Сум-конструкциите се користат како паралелни форми со временските и начинските глаголски форми на македонскиот јазик[1].

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување уреди

Сум-конструкциите се образуваат со помош на помошниот глагол сум во соодветната форма и со глаголска придавка од преоден или непреоден глагол. Според тоа, имаме: сум дојден, бев дојден, ќе сум дојден, ќе бев дојден, ќе сум бил дојден и слично. Од сите примери, најчесто се употребуваат првите две[1].

сум + глаголска придавка

Употреба уреди

Сум-конструкциите, како и има-конструкциите, се употребуваат како паралелни форми со временските и начинските, посебно кога глаголската придавка е изведена од непреоден глагол. Според тоа имаме: не знам дали се дојдени = не знам дали дошле или ќе бев присутен на состанокот ако ме поканевте = ќе присуствував на состанокот ако ме поканевте[1].

Значењето на сум-констрикциите најчесто е резултат од вршењето на дејството или состојбата, која исто така произлегува од некакво претходно дејство. Овие констрикции стојат на граница помеѓу морфологијата и синтаксата, затоа што можат да претставуваат или една сложена временска форма или една синтактичка конструкција или именски прирок[1].

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 133. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди