Судските процеси во Пиринскиот дел на Македонија
Судските процеси во Пиринскиот дел на Македонија (1933 година ― ?) ― процеси на бугарските судови против борци за македонските национални права и интереси.[1]
1933 година
уредиВо 1933 година во Разлог бил одржан судски процес на кој им се судело на македонските револуционери: Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадниците на ВМРО (Обединета).
1936 година
уредиВо 1936 година, во Софија и во Неврокоп на големите судски процеси припадниците на ВМРО (Обединета) јавно ја искажале својата македонска национална припадност.[1]
1941-1944 година
уредиВо времето на Втората светска војна, на неколку судски процеси, во отсуство, на смрт биле осудени Никола Парапунов, Иван Козарев, Никола Калапчиев и други Македонци антифашисти. Во 1942 година во Софија и во Горна Џумаја биле осудени на смрт Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Гроздан Николов, Станке Лисичков и Владо Чимев.
1947 година
уредиГрупата на Дукимов, биле уапсени на 13 октомври 1947 г. во Неврокопско. Планот на оваа група бил да водат борба против ОФ Бугарија за откинување на Пиринска и Вардарска Македонија и за издвојување на една независна македонска држава под заштитата на Англија и Америка. Себеси сѐ декларирале за Македонци. Бугарската власт ги етикетирала како ванчомихајловисти, што вопшто не било реален приказ за групата.[2]
Осудени биле:[3]
- Атанас Ангелов Ласков (10 години)
- Георги Сотиров Дукимов (6 години и 8 месеца)
- Асен Василев Левков (3 години)
- Спас Крстев Писов (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Лазар Благоев Тотин (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Марин Ангелов Варадев (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Георги Поп Ангелов (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Александар Којков (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Тимнју Димитров Запрев (2 години, 2 месеца и 20 дена)
- Јусин Мехмедов Кантарџиев (2 години)
- Ангел Каратанев (1 година и 6 месеци)
- Спас Шалев (6 месеци)
1949 година
уредиНа судските процеси по Резолуцијата на Информбирото (1949 година) бугарските судови им суделе на делегатите на Првото заседание на АСНОМ: Васил Василев и Атанас Великов Атанасов. На други судски процеси, во истата година, биле изречени 3 доживотни и повеќегодишни затворски казни.
1958 година
уредиВо 1958 година на повеќегодишни казни биле осудени Стојан Георгиев-Томовичин, Кирил Рушкин, Борис Прегов, Ѓорги Поп-Атанасов и др.
1974 година
уредиВо 1974 година биле осудени Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Илија Кочев, Стојан Георгиев-Томовичин и др. Во седумдесеттите и осумдесеттите години биле осудени Јордан Костадинов (бивш претседател на ОМО „Илинден“) и други Македонци борци за национални права.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1457. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
- ↑ Стојков, Стојко (2016). ГЛАСНИК год.60 бр.1 (PDF). Скопје: ИНИ. стр. 241–242. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Дукимов, Георги Сотиров (1999). Една идеја, еден живот. Гоце Делчев. стр. 22.
Надворешни врски
уредиЛитература
уреди- Стефан Коларов, шестимата от дело, Но.585/1942. Ⅱ изд., София, 1985
- Стојан Георгиев Томовичин, Македонија над сè, Битола, 1990