Сува Река (Дервенска)
Сува Река или Суводолица — река во Тетовско и Скопско, последна лева притока на Треска ја прима спротиводно на 3,9 км од својот влив. Тече крај патот од Тетово за Скопје, во вкупна должина од 22 км. Иако реката го има називот „Дервенска“ како определнциа, таа не тече низ Дервенската Клисура, туку само во начелното географско подрачје.
Сува Река Суводолица | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | кај с. Добарце, Долни Полог |
• координати | 41°57′00″N 21°04′40″E / 41.95000° СГШ; 21.07778° ИГД |
• надм. вис. | 800 м |
Устие | |
• место | Треска, с. Глумово, Скопско |
• координати | 41°58′50″N 21°18′36″E / 41.98056° СГШ; 21.31000° ИГД |
• надм. вис. | 275 м |
Должина | 22 км |
Големина на сливот | 164 км2 |
Особености на сливот |
Опис
уредиРеката извира над с. Добарце, Општина Желино, на надморска височина од 800 м, а се влева на 275 м во с. Глумово, Општина Сарај.[1] Точната должина од изворот до вливот и изнесува 22,1 км, а минималната должина е 19,4 км, со коефициент на развиеност е 1,14. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 525 м а просечниот и изнесува 23,7‰.
Вкупната должина на водоразделната линија на Сува Река изнесува 64 км, а сливот и зафаќа 164 км2 или 7,9% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]
Течение
уредиИзворот на реката е во месноста Ограде над с. Добарце, меѓу планините Сува Гора и Жеден во Долни Полог. Тече во источен правец, меѓу селата Групчин и Копачин Дол под Жеден, па ги одминува Ново Село и Рогле, каде од десно ѝ се приклучуваат Коваја и Роглевскиот Поток. Тука го заобиколува ридот Марков Ѕид и од лево го прима Изни Дол, а потоа и Постерка кај с. Бојане. Во Скопско кај Бојанското Поле тече северно од селата Ласкарци и Буковиќ, меѓу кои ја добива притоката Паничарска Река. Скопската Котлина минува низ с. Арнакија, па продолжува околу с. Глумово и се влева во Треска кај истоименото вештачко езеро во североисточниот крај на селото.
Долина
уредиДолината на Сува Река е преграбенска и има широко долинско дно. Страните на долината кон планините Сува Гора, Осој и Грамада стрмно се издигаат, додека кон Бојанското Поле постепено или пак кон целиот Љубин, каде што има ерозивен отсек од 20-30 м. Во поречјето има абразиони-полигенетски и флувијални површи и тераси.[1]