Наум Струмички — сегашниот митрополит на Струмичката епархија.

Наум
Струмички митрополит
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаСтрумичка епархија
Ракоположен27 август 1995
Службата завршилаво служба
ПретходникГоразд
Лични податоци
Роден13 декември 1961
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Вероисповедправославен
ЗанимањеМитрополит на МПЦ-ОА

Биографија

уреди

Роден е на 13 декември 1961 година во Скопје. Монашкиот подвиг го започна во мај 1987 година во манастирот Григоријат на Света Гора. Во 1991 година е замонашен во Голема схима од архимандритот Георгиј Капсанис, игумен на манастирот Григоријат. Три години подоцна, во 1993 година, е ракоположен за јероѓакон од митрополитот на Трикала, г. Алексиос од Грчката православна црква. На 15 август 1995 година од епископот на Арџеш и Мушчел г. Калиник од Романската православна црква е ракоположен за јеромонах.

За епископ на Македонската православна црква е хиротонисан на 27 август 1995 година. На 28 август истата година од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква е востоличен за надлежен архијереј на Струмичката епархија, како Митрополит Струмички.

Образование

уреди

Тој ги има завршено студиите на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во 2008 година ја одбрани докторската дисертација на Теолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија на тема „Исихазмот во светогорското монаштво од XX век“. Во 2010 година е избран за доцент на Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. За вонреден професор е избран на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе, а сега е предавач од областа на организациска психологија и психологија на труд на Приватната високообразовна професионална установа за бизнис студии „Euro College“, во Куманово. Ангажиран e и на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, во Скопје, за вршење на високообразовна дејност по предметите Компаративни религиски системи и Социјална политика и религија. На 17 септември 2018 година е избран за Doctor honoris causa на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.[1] На 13 јули 2023 г. ја одбранил втората докторска дисертација на Институтот за социологија, на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, на тема „Духовниот развој и општествената интеграција на православните верници во Република Северна Македонија“.

Трудови и дела

уреди

Превод од руски на грчки јазик

уреди
  • ΑΓΙΟΣ ΜΑΞΙΜΟΣ Ο ΓΡΑΙΚΟΣ Ο ΦΩΤΙΣΤΗΣ ΤΩΝ ΡΩΣΩΝ („Свети Максим Грк, просветител на Русија“), ΙΕΡΑ ΜΟΝΗ ΟΣΙΟΥ ΓΡΗΓΟΡΙΟΥ ΑΓΙΟΥ ΟΡΟΥΣ, 1991.

Превод од грчки на македонски јазик

уреди
  • „Од маска до личност” на Пергамскиот Митрополит Јован Д. Зизиулас, 1998
  • „За духот и животот” на Старец Софрониј (Сахаров), 1999
  • „Вовед во монашкиот живот” на Старецот Паисиј, 1999
  • „Исихастички сведошта” на Старецот Јосиф Спилеот, 1999
  • „Свети Григориј Палама и православната мистика“ на Јован Маендорф, 2001
  • „Поуки за Исусовата молитва” на Старецот Ефрем Филотејски, 2001.

Во 2000 година е добитник на наградата „Архиепископот Гаврил“ за превод од грчки јазик на делото „Исихастички сведоштва“ во издание на манастирот Свети Леонтиј, с. Водоча, која ја доделува Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за најуспешен превод на дела од духовната литература. Почесен член е на Друштвото на писатели на Р Македонија.

Сопствени дела

уреди

До денес се објавени дваесет и две книги со пастирски посланија, писма, беседи, интервјуа и аскетско-исихастички есеи на Струмичкиот Митрополит Наум:

Во електронско издание на англиски јазик се објавени книгите: „Ни Јас не ви кажувам...“ и „Само едно е потребно“

Книгата „Ни Јас не ви кажувам...“ е преведена и издадена на романски јазик, а книгите „Ни Јас не ви кажувам...“ и „Надминување на дуализмот“ на бугарски јазик.

Со негово залагање и иницијатива од 2000 година се подготвува и се објавува православното периодично списание „Премин”. Изготвувањето и функционирањето на официјалното мрежно место на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија е негова иницијатива и труд[2]:. Дневниот центар за прифат, третман и продолжено лекување на болести на зависност „Света Елисавета“ во Струмица и Терапевтскиот центар „Покров“ во село Водоча се исто така резултат на неговиот личен ангажман и грижа.

Научни симпозиуми

уреди
  • Научен симпозиум по повод 2000 години од христијанството: „Христијанството во културата и уметноста на Струмичката Епархија“, во манастирот во Водоча, во август 2000 година, на којшто настапи со воведно излагање „Беседа во Водоча“;
  • Научен симпозиум „Скопје меѓу античкото и модерното време“, во рамките на манифестацијата „Денови на Јустинијан Први“, Скопје, 11-13.05.2006, со темата: „Улогата на цар Јустинијан Први во континуитетот на организираниот црковен живот во Македонија“;
  • IV Македонски психијатриски конгрес со меѓународно учество, Охрид, 27-31.05.2009, со темата: „Основи на православната психотерапија“;
  • Международен симпозиум „Триалог между авраамичните религии: юдаизъм-християнство-ислям (преоткриване на традиции и ценности)“, Софийски Универзитет, 13-15.11.2009, со темата: „Роля и функции на религиозния ръководител в Православната Църква“;
  • Меѓународен научен собир „1100-години од упокојувањето на свети Наум Охридски“, Охрид, 3-5.10.2010, во организација на МПЦ–ОА, со темата: „Светоотечко толкување – откровение на внатрешниот духовен живот на свети Наум Охридски“;
  • Меѓународен научен собир „Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“ во Охрид, 4-7.11.2010, во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје, со темата: „Свети Наум Охридски и суштинскиот континуитет на христијанското предание“;
  • Прилози (Official Journal of the Macedonian Academy of Sciences and Arts), Македонска Академија на науките и уметностите, Одделение за медицински науки, Скопје, со темата: “Basics оf the Ascetical (Christian) Psychotherapy”, ISSN 1857-9345, XXXVI 1, Скопје, 2015, стр. 165-173;
  • 4th PAR International Leadership Conference: “Change Leadership: Key to Successful Growth”, Опатија, Хрватска, 13-14 март 2015 г., со темата: „Spiritual Crisis of Leadership“;
  • Втора меѓународна научна конференција „За душата“ во Скопје, 1-3 јуни 2016 година, во организација на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, со темата: „Православен аспект на душата, со посебен осврт на разликата ум и разум“;
  • DGPPN Congress, Berlin, 2016, “Psyche – Mensch – Gesellschaft”, 23–26 November 2016, CityCube Berlin, со темата: "Basics of Christian Psychotherapy – Integration of Psychology and Spirituality in the Psychotherapy";
  • DGPPN Congress, Berlin, 2016, “Psyche – Mensch – Gesellschaft”, 23–26 November 2016, CityCube Berlin, со темата: "Therapeutic Community POKROV – Integrative Concept in the Treatment of Addictions and Hazard";
  • 13th International Conference on Social Sciences, Vienna, 6-7 October 2017, со темата: "Sociological Dimensions of the FCP Method according to Christian Psychotherapy in Coping with Stress and Suffering", European Center for Science Education and Research, Conference Proceedings, Volume I, стр. 183-188;
  • Деветта меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Свети Николе, 20–21 април 2018 година, со темата: „Психолошка глад, консумеризам и мас-интројекција – два модела на живот“;
  • VI Македонски психијатриски конгрес со меѓународно учество „Психијатријата и менталното здравје во 21-иот век“, Охрид, 31.10–03.11.2018, со темите: „The Impact of the Spiritual Life on the Process of Grieving and Bereavement“ и „The Fourth Dimension of Health — Spiritual Health in Clinical Practice“;
  • 16th International Conference on Social Sciences, “ICSS XVI - Paris”, 23-24 November 2018, со темата: "Spiritual Development in Social Context – the Role of Christian Psychotherapy in the Formation of Identity", European Center for Science Education and Research, Conference Proceedings, Abstract Book, стр. 48;
  • DGPPN Congress, Berlin, 2018, "FOCUSING ON THE FUTURE", 28 November–01 December 2018, CityCube Berlin, со автoрскa тема: "The Correlation between the Level of Spiritual Development and Mental Health";
  • 17th International Conference on Social Sciences, Murcia, Spain, 8-9 March 2019, со темата: "Introduction to the Core Concepts of Christian Psychotherapy", European Center for Science Education and Research, European Journal of Multidisciplinary Studies, v. 4, n. 1, p. 15-22;
  • 19th WPA World Congress оf Psychiatry, Lisbon, Portugal, 21-24 August 2019, со темата: “The Psychological State of Family Members in the Grieving Process”, https://doi.org/10.26226/morressier.5d1a035e57558b317a13f7bc;
  • 19th WPA World Congress оf Psychiatry, Lisbon, Portugal, 21 - 24 August 2019, со темата: “Spirituality in Psychotherapy”, https://doi.org/10.26226/morressier.5d1a037757558b317a1407b8;
  • 21th International Conference on Social Sciences, Amsterdam, Netherlands, 3-4 April 2020, со темата: "Priming Matrix – Collective Nonconscious Programming", European Journal of Multidisciplinary Studies, Vol 5 No 2 (2020): January - April 2020;
  • 23rd International Conference on Multidisciplinary Studies: "Resilience for Survival", Cambridge, United Kingdom, 30-31 July 2020, со темата: "Spiritual Resilience and Transactional Analysis Model – Holistic Paradigm for Facing a Global Crisis", European Journal of Interdisciplinary Studies, May - August 2020, Volume 6, Issue 2, pp. 126–130;
  • 24th International Conference on Multidisciplinary Studies, Brussels, Belgium, 11-12 December 2020, со темата: "Passive Sociopathy", European Journal of Multidisciplinary Studies, September - December 2020, Volume 5, Issue 3, pp. 38–46;
  • 1st European Conference for Religious Dialogue and Cooperation, Struga, R. North Macedonia, 14–17 October 2019, Center for Intercultural Studies and Research, Faculty of Philosophy, Skopje, со темата: "The Concept of Peace and Unity from the Perspective of Orthodox Christianity", Journal "Religious Dialogue and Cooperation", No 2/2021 Volume II, pp. 55–66.
  • European Journal of Interdisciplinary Studies, 9(1), 25–34, 2022, со темата: "Metanoia Vs Paranoia – New Existential Position", Retrieved from https://revistia.org/index.php/ejis/article/view/6038

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди