Стрмош (рудник)
Стрмош — рудник на вулкански туфови и бречи[1], кој се наоѓа во близина на селото Стрмош, пробиштипско. Изградено е од хидротермално изменети силифицирани и опализирани туфови. Тука се издвоени повеќе видови туфови: црвени, бели, компактни туфови, жолтеникави трошни туфови. Црвените опализирани туфови се присутни во подината и кровината на белите туфови. Содржината на SiO2 во белите туфови е поголема 60–78%, а во црвените туфови е помала[2].
Наводи
уреди- ↑ „СТРМОШ“. Economy Press & Angel V. Архивирано од изворникот на 2009-01-04. Посетено на 2010-03-28.
- ↑ „Opalized tuff; General characteristics“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-10-18. Посетено на 2010-03-28.
Надворешни врски
уреди- strmos.com.mk Архивирано на 30 јануари 2010 г. -Официјално мрежно место
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |