Степан Бандера
Степан Андријович Бандера (украински: Степан Андрійович Бандера) — украински националист. Бандера го предводел милитантното крило на крајно десничарската Организација на украинските националисти (ОУН).[1][2] Тој бил водач и теоретичар на украинските ултранационалисти кои учествувале во терористички активности и соработувале со нацистите.[1][3][4]
Степан Бандера | |
---|---|
Роден(а) | 1 јануари 1909 Стари Угринов |
Починал(а) | 15 октомври 1959 Минхен | (возр. 50)
Бандера е роден во Галиција, која тогаш била дел од Австроунгарија како Кралство Галиција и Лодомерија, во семејство на источно-католички свештеник. По Првата светска војна и распадот на Австроунгарија, во Галиција била формирана краткотрајната Западноукраинска Народна Република, анектирана од Полска по Полско-украинската војна (1918–1919). Во овој период Бандера се радикализирал. Полските власти не му дозволиле да студира во Чехословачка, па се запишал на Политехничкиот универзитет во Лавов, каде што основал украински националистички организации. Во 1934 година го организирал атентатот на полскиот министер за внатрешни работи Бронислав Перацкиј, поради што бил осуден на смрт, но казната му била заменета со доживотен затвор. По германско-советската инвазија на Полска во 1939 година бил ослободен од затвор и се преселил во Краков, во германската окупациска зона.
Бандера ги собрал околу себе германските воени кругови кои ја фаворизирале украинската независност и организирал експедициски групи на ОУН. Кога Германија ја започнала инвазијата на Советскиот Сојуз, тој подготвил „Акт за обновување на украинската држава“, која предвидувала соработка со нацистичка Германија.[5][6] Оваа идеја не била прифатена од нацистичките власти и кога Бандера одбил да се откаже од неа, Гестапо го уапсиле и ставиле во домашен притвор,[7] а подоцна и во концентрациониот логор Заксенхаузен.[8] Во 1944 година Германија, која сè повеќе губела од сојузниците, го ослободила Бандера за да помогне да се одврати напредувањето на советските сили. Тој започнал да работи со новоформираниот Украински главен ослободителен совет, кој работел нелегално. По Втората светска војна, Бандера се населил со своето семејство во Западна Германија, од каде продолжил да раководи со ОУН и соработувал со неколку антикомунистички организации, како што се Антиболшевичкиот блок на нациите,[9][10] како и со британското разузнавање.[9] Во 1959 година Бандера бил отруен со цијанид од агенти на КГБ во Минхен.[11][12]
На 22 јануари 2010 година претседателот на Украина во заминување Виктор Јушченко постхумно ја доделил титулата Херој на Украина на Бандера.[13] Одликувањето било осудено од Европскиот парламент,[14] Русија,[15] полски и еврејски политичари и организации.[16][17][18] Премиерот Виктор Јанукович го прогласил одликувањето за неважечко бидејќи Бандера никогаш не бил државјанин на Украина, што е услов за добивање на титулата. Ова било потврдено и од суд во април 2010 година,[19] а одликувањето било официјално одземено во јануари 2011 година.[20] Предлог за признавање на Бандера бил отфрлен од украинскиот парламент во август 2019 година.[21]
Бандера останува многу контроверзна личност во Украина;[22][23][24] додека некои Украинци го слават како ослободител кој се борел против советските, полските и германските држави и се обидел да воспостави независна Украина, од други Украинци и од Полјаци и Руси тој е осудуван како фашист[25] и воен злосторник,[25] кој со своите следбеници (Бандеровци) е во голема мера одговорен за масакри на полски цивили[26] и делумно за холокаустот во Украина.[27][28][29][30]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Marples, David R. (2006). "Stepan Bandera: The Resurrection of a Ukrainian National Hero. Europe-Asia Studies. 58 (4): 555–566. doi:10.1080/09668130600652118. "A Second Extraordinary Congress of the OUN in April 1941 formally elected Bandera the leader of this more militant wing. As the head of terrorist activities in the recent past, he was considered the natural choice."
- ↑ Breitman, Richard (2010). Hitler's Shadow: Nazi War Criminals, U.S. Intelligence, and the Cold War. DIANE Publishing. p. 82. ISBN 9781437944297. "Bandera was, according to his handlers, 'a professional underground worker with a terrorist background and ruthless notions about the rules of the game. ... A bandit type if you like, with a burning patriotism, which provides an ethical background and a justification for his banditry. No better and no worse than others of his kind ... .'"
- ↑ Snyder, Timothy (24. februar 2010). „A Fascist Hero in Democratic Kiev“. The New York Review of Books (англиски). Посетено на 8. januarja 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Предлошка:Navedi revijo
- ↑ „Державний архів Львівської області“. Архивирано од изворникот на 5. januarja 2017. Посетено на 19. december 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Предлошка:Navedi enciklopedijo
- ↑ Киричук Юрій. Історія УПА Архивирано на 14. oktober 2007.. — Тернопіль: Редакційно-видавничий відділ управління по пресі, 1991.
- ↑ БАНДЕРА СТЕПАН АНДРІЙОВИЧ (украински). Посетено на 6. januarja 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 9,0 9,1 Častiji, Ruslan Viktorovič (2007). Stepan Bandera : mify, legendy, deĭstvitelʹnostʹ. Harkov: Folio. стр. 382. ISBN 978-9660336568. OCLC 83597856.
- ↑ Стецько, Я. И. З ідеями Степана Бандери за його життя і по смертi. — 2008. — str. 179−201
- ↑ Christopher Andrew in Vasilij Mitrohin, The Sword and the Shield: The Mitrokhin Archive and the Secret History of the KGB, Basic Books, 1999. ISBN 0-465-00312-5, str. 362.
- ↑ Кондратюк Костянтин. Новітня історія України. 1914–1945 рр.. — Львів: Видавничий центр ЛНУ імені Івана Франка, 2007. — 261 с.
- ↑ „УКАЗ ПРЕЗИДЕНТА УКРАИНЫ № 46/2010: О присвоении С.Бандере звания Герой Украины“. Архивирано од изворникот на 25. januarja 2010. Посетено на 22. januarja 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Texts adopted – Thursday, 25 February 2010 – Situation in Ukraine – P7_TA(2010)0035“. Посетено на 18. avgusta 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Russia condemns Yushchenko for declaring Bandera a Hero of Ukraine“. Voice of Russia. 26. januar 2010. Архивирано од изворникот на 14. novembra 2012. Посетено на 3. maja 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ [1] Архивирано на 29. februar 2012., Simon Wiesenthal Center (28. januar 2010)
- ↑ "Ukraine: l'UEJF condamne la glorification d'un complice des nazis". Архивирано на 6. februar 2010.. Student Union of French Jews. 1. februar 2010. Retrieved 6. februarja 2010.
- ↑ Предлошка:Navedi revijo
- ↑ „Донецький суд скасував указ Ющенка про присвоєння Бандері звання Героя“. Посетено на 6. januarja 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Рішенням суду президентський указ «Про присвоєння С.Бандері звання Герой України» скасовано Архивирано на 15 јануари 2011 г., President.gov.ua. Pridobljeno 16. januarja 2011.
- ↑ „Проект Постанови про звернення до Президента України щодо присвоєння звання Героя України Бандері Степану Андрійовичу (посмертно)“. Uradni spletni portal Vrhovne rade Ukrajine. Посетено на 5. decembra 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Ukrainians mark birthday anniversary of controversial nationalist, Посетено на 27. november 2018 Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Ukrainians march in honour of controversial nationalist hero Stepan Bandera“. euronews (англиски). 2. januar 2016. Посетено на 27. november 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Cohen, Josh. „Dear Ukraine: Please Don't Shoot Yourself in the Foot“ (англиски). Посетено на 27. novembra 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 25,0 25,1 „BBCUkrainian.com | Преса | Виборча: Для поляків – бандит, а для українців – герой“ (украински). Посетено на 5. januarja 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Russia's Ukrainian minority under pressure, Al Jazeera English (25. april 2014)
A ghost of World War II history haunts Ukraine’s standoff with Russia, Washington Post (25. marec 2014) - ↑ Henryk Komański & Szczepan Siekierka, Ludobójstwo dokonane przez nacjonalistów ukraińskich na Polakach w województwie tarnopolskim w latach 1939–1946 (2006) 2 dela, 1182 strani, na str. 203
- ↑ Grzegorz, Rossolinski (2014). Stepan Bandera : the life and afterlife of a Ukrainian nationalist : Fascism, genocide, and cult. Stuttgart: Ibidem-Verlag. ISBN 9783838206868. OCLC 880566030.
- ↑ Arad, Yitzhak (2009). Holocaust in the Soviet Union. Lincoln: University of Nebraska Press. стр. 89. ISBN 9780803222700. OCLC 466441935.
- ↑ „Nazikollaborateur als neuer Held der Ukraine - Jüdische Gemeinde zu Berlin“ (германски). Посетено на 5. januarja 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)