Крајна десница, екстремна десница, радикалната десница или ултрадесницата се изрази кои се користат за означување на крајниот десен спектар на политички идеологии. Екстремно десничарската политика честопати вклучува супремизам - верување дека супериорноста и инфериорноста се вродени реалности помеѓу поединци и групи, како и целосно отфрлање на концептот на социјална еднаквост како норма.[1] Крајната десница често ја поддржува политиката на сегрегација, односно одвојувањето на групите за кои смета дека се супериорни во однос на групите за кои сметаат дека се инфериорни.[1] Крајно десничарската политика често вклучува авторитаризам, нативизам, расизам и ксенофобија.[2]

Идеологии најчесто поврзани со крајната десница се фашизам, нацизам и други ултранационалистички, екстремни религиозни или реакционерни идеологии.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Merkl & Weinberg 1999.
  2. Hilliard & Keith 1999.
  3. Griffin 2005.

Литература

уреди
  • Griffin, Roger (2005). Fascism, Totalitarianism and Political Religion (Totalitarian Movements and Political Religions). Routledge 1 edition. ISBN 978-0415375504.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Hilliard, Robert L.; Keith, Michael C. (1999). Waves of Rancor: Tuning in the Radical Right. New York: M. E. Sharpe Inc.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Merkl, Peter H.; Weinberg, Leonard (1999). Right-wing Extremism in the Twenty-first Century. London, England, UK; Portland, Oregon, USA: M. E. Sharpe Inc.CS1-одржување: ref=harv (link)